Доленци (Битолско)За други истоимени места, погледајте Доленци.
Доленци — село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола. Потекло на иметоПо раскажувањето на народот, се претпоставува дека селото го добило името по својата местоположба. Бидејќи се наоѓа во дол, односно подолу од другите села зборовите „дол“ и „долу“ преку различни трансформации во употребата се дошло до зборот „Доленци“ и оттогаш го добива името. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола, во насока на превојот Ѓавато.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 790 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 20 километри и се наоѓа непосредно до патот Битола-Ресен.[2] Атарот зафаќа површина од 7,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 421 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 218,2 хектари, а на пасиштата 82,1 хектар.[2] Ова село се наоѓа под село Кажани во непосредна близина на реката Шемница. По својата географска положба е сместено во дол и за разлика од сите други населби во Цапарско Поле што се наоѓаат на блиските ридови и планини, селото Доленци се наоѓа во полето. ИсторијаВо XIX век, Доленци било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство. Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3] СтопанствоСелото има полјоделско-шумарска функција.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Доленци имало 550 жители, од кои 200 Македонци христијани и 350 Албанци муслимани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Доленци имало 580 жители, од кои 420 Албанци и 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци и 150 Македонци.[6] Доленци е средно по големина село, но со намалување на бројот на жители. Во 1961 година, селото броело 434 жители, а во 1994 година 281 жител, од кои 226 биле Албанци и 54 жители Македонци.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Доленци имало 265 жители, од кои 51 Македонец, 212 Албанци, 1 Бошњак и 1 останат.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 236 жители, од кои 30 Македонци, 200 Албанци, 1 Турчин, 1 останат и 4 лица без податоци.[8] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Доленци:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиДоленци е македонско-албанско село, албанските родови во селото се доселенички. Македонците се еден дел староседелци од старото село на Доленци, а другиот дел доселени.[9] Албански родови се:
Македонски родови се:
Општествени установи
Самоуправа и политика![]() Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Кажани, во која влегувале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Маловиште и Лера. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Доленци се наоѓале селата Гопеш, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Рамна, Ротино, Српци и Цапари. Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Избирачко местоВо селото постои избирачко место бр. 0207 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[11] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 227 гласачи.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 223 гласачи.[13] Културни и природни знаменитости
Личности
ИселеништвоДо 1951 година од селото имало иселеници во Аргентина (2 семејства), САД (3 семејства), Велес (1 семејство), Скопје (1 семејство), Австралија (4 семејства) и во Битола (1 семејство).[17] Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, Ресен, Турција (муслиманите), прекуокеанските земји и низ Европа.[18] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia