Врања — село во Светиврачко , Пиринска Македонија , денес во општината Свети Врач на Благоевградската област , југозападна Бугарија .
Географија и местоположба
Селото Врања се наоѓа на 24 километри јужно од Свети Врач . Селото се наоѓа на надморска висина од 230 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.939 км2 .
Историја
Османлиско Царство
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во склопот на Демирхисарската каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника “ се вели дека во 1873 г. Врања (Vrania) е село со 80 семејства и 230 Македонци [ 1] [ 2] .
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Врања, на СИ од Валовишта 4 часа. Околината ридеста и плодородна. Има црква и училиште. Се чита мешано. 120 куќи, бугарски[ 1] [ 3]
.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 година селото имало 480 жители, сите Македонци [ 1] [ 4] . Селото било под влијание на Бугарската егзархија . Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 година во селото живееле 600 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија , работело едно егзархиско училиште со 2 учители и 31 ученици[ 1] [ 5] .
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, седум лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети [ 6] .
Бугарија
По крајот на Балканските војни , селото било вклучено во составот на Бугарија .
Население на Врања по попис[ 7]
Година
1934
1946
1956
1965
1975
1985
1992
2001
2011
2015
Жители
553
622
571
507
409
298
238
196
151
116
Етнички состав на населението од 2011 година[ 8] :
Националност
Население
Процент
Бугари
148
98,01%
Останати
3
1,99%
Вкупно
151
Население по возраст од 2011 година [ 9] :
Личности
Наводи
↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139.
↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 860.
↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 184.
↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 835
↑ 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul . Архивирано од за населението на с. Враня, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04 .
↑ „" &"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18 .
↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18 .
Градови Села Поранешни села Историски села во загради се дадени денешните имиња на местата сменети од бугарската држава