Лески — село во Светиврачко , Пиринска Македонија , денес во општината Свети Врач на Благоевградската област , југозападна Бугарија .
Географија и местоположба
Селото Лески се наоѓа на 20 километри северозападно од Свети Врач . Селото се наоѓа на надморска висина од 843 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 8063 км2 .
Историја
Османлиско Царство
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника “ се вели дека во 1873 г. Сески (Seski) е село со 25 семејства и 90 Македонци [ 1] [ 2] .
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Лески и Махала, чифлици преблиску еден до друг; припаѓаат на еден мелнички бег, се наоѓаат на СЗ од Мелник , 4 часа пат. Земјоделството е слабо застапено, повеќето чуваат овци, кози а има и дрвари. В Леска се 40 куќи и во Махала 18, само Бугари.[ 1] [ 3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 година селото имало 180 жители, сите Македонци [ 1] [ 4] .
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, девет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети [ 5] .
Бугарија
По крајот на Балканските војни , селото било вклучено во составот на Бугарија .
Население на Лески по попис[ 6]
Година
1934
1946
1956
1965
1975
1985
1992
2001
2011
2015
Жители
82
100
84
28
12
6
10
9
6
Население по возраст од 2011 година [ 7] :
Наводи
↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142-143.
↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 28.
↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 859
↑ 6,0 6,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul . Архивирано од за населението на с. Вихрен, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04 .
↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18 .
Градови Села Поранешни села Историски села во загради се дадени денешните имиња на местата сменети од бугарската држава