Селото Лешница се наоѓа на 5 километри јужно од Свети Врач, во подножјето на планината Пирин, во сливот на реката Боджовска. Летата се топли и долги, а зимите се благи. Селото се наоѓа на надморска висина од 198 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.037 км2. Покрај селото во близина поминува магистралниот пат Е79 (Видин-Софија-Култа-Солун).
Лешница, чифлик на мелничкиот грк Деко. Се наоѓа на една ливада до една притока на Бистрица, за СЗ од Мелник 2 1/2 часа. Црква, која е затворена од некое време. Бугарски куќи 5, турски 5. Пред 10-тина години било село од 20 куќи.[1][3]
Во 1936 година била изградена хидроцентрала Лешница, која го електрифицирала целото село. Постои проект за изградба на канализациски систем.
Културни знаменитости
Во Лешница има кметство, центар на заедницата со библиотека, мала капела и продавници. Здравствените и образовните институции се во соседниот град Свети Врач. Во селото има читалиште „Никола Јонков Вапцаров“ со библиотека од 1800 тома литература.
Во селото се наоѓа црквата „Св. Козма и Дамјан“. Во селото има понуда за посетителите кои можат да бидат сместени во пријатни соби. Во близина на селото се наоѓа одморалиштето Сандански.