Кашина
Кашина (бугарски: Кашина) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Свети Врач (Сандански) на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во југозападните падини на Пирин Планина, на надморска височина од 728 метри, на околу два часа пешачење од Рожен. Оддалечено е 16 километри источно од Свети Врач, административниот центар на општината, 61 километри на југ од Благоевград и 40 километри североисточно од градот Петрич. На околу 40 минути од селото се наоѓа водопадот Скоко,,[3] кој се наоѓа на Лоповска (Кашинска) река, која тече покрај селото. Куќите во селото биле изградени од природни материјали како глина, дрво и камен. ИсторијаОтоманско Царство![]() Во текот на XIX век, селото било населено со христијани и било во составот на Демирхисарската каза на Отоманското Царство. Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ потекнува од првата половина на XIX век.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители, сите Македонци.[5][7] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кашина имало 256 Македонци, патријаршисти.[8][9] Во почетокот на април 1905 година врховистите, предводени од капетанот Јордан Стојанов, започнуваат поход во Мелничко против Јане Сандански. Во ноќта помеѓу 6 и 7 април, врховистите заминуваат од селото Кашина и се упатуваат кон селото Ковачево, но пред полноќ наидуваат на неочекувана заседа, организирана од Јане Сандански. Во заседата учествувале четите на Сандански, Таската Серски, Атанас Тешовалијата, сѐ на сѐ околу седумдесет комити. Борбата се одликувала со необична жестина и во престрелката загинале седум врховисти, а шест биле ранети. Меѓу загинатите врховисти биле војводите Давитко, Партениев, потпоручникот Јанков и др., а капетанот Јордан Стојанов бил ранет и одвај се спасил, оставајќи околу четириесет врховисти во заробеништво. Другите се предале и биле разоружени. По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети.[10] БугаријаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
НаселениеКашина е мало село. Според пописот од 2011 година, во селото живееле 10 жители, сите запишани како Бугари.[11] На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото:[12] ![]() На табелата е прикажан бројот на населението во Кашина за периодот 1965-2011:[13]
Според Националниот статистички институт на Бугарија, по проценките од 31 декември 2015 година, во Кашина имало 15 жители. Културни и природни знаменитостиРедовни настаниНа 28 август, односно на празникот на Пресвета Богородица секоја година се собираат жителите на селото да го прослават овој верски празник кој се смета за празник на селото. Во црквата се принесува курбан, се палат свеќи и има музика. Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia