Горно Спанчево
Горно Спанчево — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Географија и местоположбаСелото Горно Спанчево се наоѓа на 37 километри југоисточно од Свети Врач и на 21 километри североисточно од бугарско-грчката граница кај Кулата, додека од најмалиот град во Бугарија, Мелник, е оддалечен 27 километри. Селото Горно спанчево подножјето на планината Пирин, во долината на реката Пиринска Бистрица, на надморска висина од 477 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 14 863 км2. Климата е променливо-средоземна, која се одликува со рана пролет, топло лето, кратка есен и блага зима. Природните и климатските услови се поволни за сточарството и одгледување постојани култури, главно лозје. Главниот пат поминува од селото Катунци до градот Неврокоп преку преминот Попови Ливади. ИсторијаОсманлиско ЦарствоВо XIX век, Горно Спанчево било дел од Демирхисарската каза. Во 1876 година, црквата Света Петка била изградена на местото на постар храм и денеска црквата претставува споменик на културата[1] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горно Спанчово (Gorne-spantchovo) е село со 42 семејства и 130 Македонци[2][3]. Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 30 Власи и 250 Македонци[2][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 17 ученици[2][6]. БугаријаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Денес селото е добро одржувано - има електрична енергија, водоснабдување, телефонска мрежа и продажни места. Хидроцентралата „Спанчево“ била изградена покрај реката Пиринска Бистрица. Медицинските услуги и училиштата се наоѓаат во соседното село Катунци, кое е оддалечено 9 километри.
ТуризамСелото има прекрасни услови за еко и рурален туризам, со можност за пешачење до врвот на областа Вихрен и областа Попови Ливади. Локалната црква „Света Петка“ била изградена во 1876 година, и денеска претставува споменик на културата. Остатоците од тврдината Горно Спанчево се наоѓаат во долината на реката Пиринска Бистрица. Најверојатно, тврдината го чувала патот што ги поврзувал долините на реките Струма и областа Попови Ливади. Редовни настаниРедовен настан е соборот на Горно Спанчево кој се одржува секоја година на 25 и 26 јули. Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia