Селото Хрсово се наоѓа на 22 километри јужно од Свети Врач, во Светиврачко-петричката Котлина во југозападниот дел од планината Пирин. Селото се наоѓа на надморска висина од 301 метри, а релјефот е планински. Атарот на селото зафаќа површина од 1.198 км2. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 520 мм. Низ територијата на селото тече реката Мелник. Во Хрсово се одгледуваат на 1200 хектари лозови насади. Винаријата „Хрсово“ се наоѓа во селото.
Историја
Османлиско Ццарарство
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Црквата „Свети Атанасиј“ била изградена во 1860 година и се наоѓа на највисокиот дел од селото. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Големо Хрсово (Golémo Hërsovo) е село со 87 семејства и 310 Македонци, додека Мало Хрсово (Malo Hërsovo) е село со 11 семејства и 38 Македонци[1][2].
Хрсово, село на север од Кромидово, до Катунци. Лежи на еден рид 1⁄2 час до Бистрица и Мелничка Река и од другата страна. Има богати ниви и лозја. Грчка црква и училиште со 14 ученици. 110 куќи, бугарски.[1][3]