КатунциКатунци — село во Општина Свети Врач, Благоевградска (Горноџумајска) област, во регионот Пиринска Македонија, денешна југозападна Бугарија.
Географија и местоположба![]() Селото Катунци се наоѓа во Светиврачко-петричката Котлина во југозападното подножје на Пирин Планина, на надморска височина од 550 метри. Покрај селото тече реката Пиринска Бистрица. Околу селото има исцелителни минерални извори. Оддалечено е 15 километри јужно од Мелник и 28 километри југоистично од Свети Врач. ИсторијаВо околината на селото се откриени археолошки остатоци од различни епохи и цивилизации. Во 1916 година, при изградбата на мост на реката Пиринска Бистрица, во селото се откриени темели на ранохристијанска црква, од V - VI век, чиј под бил покриен со мозаик со геометриски мотиви.[1] Првите писмени податоци за селото се од 1220 година, кога се споменува под името Катуница. Во таа година, владетелот на Мелник - деспот Алексиј Слав, издава указ, со кој ги задолжува жителите на селото да работат и да плаќаат данок за манастирот „Света Богородица Спилеотиса“ изграден од него. ![]() Селото се споменува и во 1365 година во опис на манастирот „Света Богородица Спилеотиса“, издаден од деспотот Јован Углеша во врска со постоењето на манастирот.[2] Во XIX век, Катунци е мало село во рамките на Демирхисарската каза. Во негова близина, во минатото постоело селото Опалник, денес маало на селото. Во 1891 година, Георги Стрезов пишува за селото:
Во книгата „Патување по долините на Струма, Места и Брегалница“, Васил К’нчов опишува, дека селото број 50 ромски куќи и во него се одржува голем пазар на коњи. Опалник пак е со 15 бугарски[4] куќи.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, Катунци е село во Демирхисарската каза со 180 жители, од кои 120 Роми и 60 Турци, а Опалник е село во Мелничката каза со 95 жители, сите Македонци.[4][6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Опалник имало 80 Македонци, егзархисти.[4][7] Во 1913 година Катунци е запалено и престанува да постои до 1922 година, кога е одново населено од Македонци од Егејска Македонија.[8] Подоцна Катунци станува пазар за земјоделски производи, а во центарот постојат повеќе дуќани, од кои некои сопственици не живеат во селото. ![]() СтопанствоДемографијаСпоред пописот од 2011 година, во Кактунци живееле 1.360 жители.[9] На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[10]
На табелата е прикажан бројот на населението во Катунци за периодот 1934-2011:[11]
Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се Според Националниот статистички институт на Бугарија, по проценките од 31 декември 2015 година, во Катунци имало 1.289 жители. ![]() Општествени установи
Самоуправа и политикаКултурни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНадворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia