Селото Малки Цалим се наоѓа на 13 километри североисточно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 847 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 7229 км2. Селото се граничи со Голем Цалим и Бождаво. Куќите во Малки Цалим се од типот на родопски куќи и 10 од нив се споменици на културата[1]. На југоисток од селото поминува реката Бождевска. Природните услови се поволни за одгледување на индустриски и фуражни култури и за сеча.
Историја
Османлиско Царство
Црквата „Св. Димитриј“ била изградена во втората половина на XIX век.[2]
Во близина на селото се наоѓа пештерска црква „Свети Јован Рилски’. Легендата вели дека во црквата живеел светецот, пред да биде прогонет од месното население, кое го сметало за магионичар. Секоја година на 18 август на ова место, селата Голем и Мал Цалим прават курбан, со многу песни и ора.