Лиљаново — село во Светиврачко , Пиринска Македонија , денес во општината Свети Врач на Благоевградската област , југозападна Бугарија .
Географија и местоположба
Селото Лиљаново се наоѓа на 10 километри североисточно од Свети Врач . Селото се наоѓа на надморска висина од 676 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 76.502 км2 .
Историја
Османлиско Царство
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника “ се вели дека во 1873 г. Лиљаново (Lélianovo) е село со 38 семејства и 120 Македонци [ 1] [ 2] .
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Лиљаново, село на СЗ од Мелник , 6 часа пат. Имат си црва, во која се чита на грчки. Куќи 85, само Бугари.[ 1] [ 3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 година селото имало 412 жители, сите Македонци [ 1] [ 4] .
Бугарија
По крајот на Балканските војни , селото било вклучено во составот на Бугарија .
Население на Лиљаново по попис[ 5]
Година
1934
1946
1956
1965
1975
1985
1992
2001
2011
2015
Жители
190
252
269
259
206
218
207
190
196
223
Население по возраст од 2011 година [ 6] :
Наводи
↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142-143.
↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 24.
↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
↑ 5,0 5,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul . Архивирано од за населението на с. Лиляново , общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04 .
↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18 .
Градови Села Поранешни села Историски села во загради се дадени денешните имиња на местата сменети од бугарската држава