Селото се наоѓа во областа Торбешија, во сливот на Маркова Река, на надморска височина од 490 м. Атарот е ридски и зафаќа површина од 16,7 км2[2] Низ добар дел од атарот тече потокот Тими Дол, кој во северниот дел се влева во реката наречена Река, а таа пак, посеверно, завршува како притока на Маркова Река.
Историја
Стари опстанати куќи.
Подрачјето на Драчевица е населено уште од римско време, за што сведочат остатоците од градиштето Кале на 1,3 км југоисточно од селото.[3]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Драчевица (Dračevica) како албанско село.[6]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев ја обележал Драчевица како албанско село.[7]
Сепак, имајќи ги предвид македонските родови иселени од Драчевица во други села, јасно е дека ова село било изворно македонско. Доселените Албанци кои потоа ја спровеле албанизацијата биле дојдени од северна Албанија.
Стопанство
Драчевица има мешовито стопанство. Според податок од 1998 г. атарот опфаќа 985,1 ха шуми, 375,4 ха обработливи површини и 263,1 ха пасишта.[2]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
616
—
1953
655
+6.3%
1961
643
−1.8%
1971
645
+0.3%
1981
584
−9.5%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
380
—
2002
250
−34.2%
2021
305
+22.0%
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 21 муслиманско домаќинство. На овој попис биле забележани 45 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 96 жители.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[11]
Интересен е податокот што на пописите од 1961 и 1971 г. огромен дел од населението се изјаснило како Турци,[12] бидејќи имало голем интерес за иселување во Турција. Почнувајќи од 1970-тите населението почнало да се намалува и денес е значајно помало од тогашното. Жителите не се заведени во 1991 г. поради одлуката да го бојкотираат пописот. Во 1994 г. селото имало 380 жители, албанско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Драчевица живееле 250 жители, од кои 248 Албанци и 2 останати.[13]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 305 жители, од кои 1 Македонец, 268 Албанци и 36 лица без податоци.[14]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Од Драчевица во подалечното минато се иселиле низа родови. Старите иселеници се македонски, додека поновите се албански. Според истражувања од 1950-тите родовите се следниве (дадени според тековното живеалиште):
Македонски
Горно Лисиче, Оп. Аеродром: Дандаровци (2 куќи), доселени таму во првите децении/средината на XIX век. Во периодот 1900-1920 живееле во Трубарево, за потоа многу кратко да живеат во Маџир Маало (иако некои Дандаровци останале сè уште во Трубарево), и на крај повторно да се вратат во Горно Лисиче[19][20]
Јурумлери, Оп. Гази Баба: Ѓечовци (4 куќи), доселени таму откако прво се преселиле во Драчево[21]
Албански
Батинци, Оп. Студеничани: Исовци (4 куќи) и Бајрамовци (9 куќи)[19]
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“