Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско[4] и муслиманско[5] население, каде имало 1 христијанскo и 5 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 1 маж христијанин, со едно новороденче и 23 мажи муслимани со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 58 жители.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Малчиште (Malčište) како албанско село.[8]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Малчиште како албанско село.[9]
Сите подоцнежни пописи го заведуваат населението како турско, со што се поставува прашањето дали всушност не се работи за Македонци-муслимани (Торбеши) кои се изјаснувале различно во различни пописи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 100 Албанци.[10]
Малчиште доживеало битен раст по Втората светска војна и продолжило да расте до 1950-тите. Оттогаш почнало да опаѓа, за во 1961 г. да се намали повеќе од трикратно, веројатно поради иселувања во Турција. Интересно е да се забележи дека на пописот од 1994 г. се заведени само 7 лица, иако во претходните и последователните пописи населението одржувало нормална бројност.[11]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 60 жители, од кои највеќето се Турци.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 38 жители, од кои 12 Албанци и 26 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“