Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 38 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 125 мажи муслимани, со 20 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 292 жители.[2]
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
Доселеници:Мали Цок (15 к.) доселени се од северна Албанија. Овде живеат од втората половина на XVIII век; Дервише (25 к.) доселени се од северна Албанија; Кале или Шеелар (18 к.) доселени се од местото Чаје во Љума, северна Албанија. Го знаат следното родословие: Имер (жив на 48 г. во 1950 година) Шукри-Џемаил-Муарем-Дурмиш, кој се доселил; Дибран (12 к.) доселени се од околината на Пешкопеја (Долен Дебар) во северна Албанија. Овде живеат од почетокот на XIX век; Укалар (17 к.) доселени се од северна Албанија; Ѓец (1 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија. Имаат роднини во селото Рамни Габер.[10]
Археолошки наоѓалишта
Исар — населба од доцноантичкото време. На границата од атарите на селата Вртекица и Рамни Габер се гледаат остатоци од утврдена населба.
Св. Димитрија — средновековен сакрален објект. Во Шелско Маало се наоѓа текија со девет гробови која била изградена пред во последните децении на XVIII век врз темели на средновековна црква која, според преданието, била посветена на св. Димитрија. Дека селото било населено од христијанско македонско население сведочи податокот на листот 42 од Кодикот на манастирот Матка од 1570-1580 година, во кој како приложник од ова село е заведена „рабинката божја Тода“. Денешните муслимански жители започнале да се населуваат во селото кон крајот на XVII век.
Иселеништво
Околу 26 семејства се иселени во Скопје до 1950 година. Припаѓале на разни селски родови.[10]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.