Долно Каласлари
Долно Каласлари (или Долно Караслари) — село во Општина Велес, во областа Клепа, во околината на градот Велес. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во источниот дел на Општина Велес, непосредно до новата траса на автопатот Е-75. Селото е рамничарско на надморска височина од 210 метри, и е оддалечено 9 километри јужно од Велес и 38 километри северно од Неготино и 37 километри северно од Кавадарци. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Каласлари живееле 110 жители, сите Македонци.[2] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[3] Долно Каласлари е средно по големина село, коешто во 1961 година броело 330 жители, од кои 309 Македонци, 18 Албанци, 1 Србин и само 2 останати. Во 1994 година бројот се зголемил на 436 жители, од кои 435 биле Македонци и само еден останат. Според пописот од 2002 година, во селото живеат 446 жители, од кои 443 Македонци, 1 Србин и само 2 останати.[4] Од демографски асект е интересно тоа што за разлика од Горно Каласлари каде мнозинството се Албанци и бројот на населението опаѓа, овде во Долно Каласлари живеат само Македонци и бројот на население расте. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 410 жители, од кои 335 Македонци, 3 Албанци, 1 Србин и 71 лице без податоци.[5] На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
СтопанствоСо развојот на мали претпријатија и формирањето на индустриска зона на излезот од Велес кон Прилеп, многу стопанственици отвориле свои фирми во и околу Долно Каласлари. Најзначаен трговски центар е „Оlympus Plaza“ - Велес со седиште во Долно Каласлари со вкупно 3000 работници. Потоа други значајни фирми се: „АУТОЛ-М“ (сервис за автомобили), „Мотел Македонија“, „Макоил“, „Макпетрол“ и некои други помали фирми. Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 2193 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Горно Каласлари.[7] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 396 гласачи.[8] Културни и природни знаменитости
Палеонтолошко наоѓалиште кој се наоѓа околу 3 км југоисточно од Велес во близина на селото Каласлари. Фосилното наоѓалиште е откриено во 1973 година при изградбата на автопатот Велес - Гевгелија. По богатството на пронајдените фосилни цицачи (коњи, газели, сабјозаби мачки. жирафи, свињи, кучиња и др.), ова наоѓалиште се вбројува во едно од најпознатите кои досега се откриени во светот. Површината на заштитениот простор изнесува 148 ха. Редовни настаниВо Д. Каласлари на ден 6 мај секоја година се прославува славата Ѓурѓовден. Веќе неколку години наназад на овој ден се одржува и турнир во мал фудбал, каде што учествуваат повеќе од 15 екипи од различни места. ПоврзаноИселеништвоОд селото иселеништво има во Турција, каде се иселило турското население. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia