Долно Оризари (Велешко)
Долно Оризари — село во Општина Велес, централна Македонија. Денес нема жители.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа непосредно до реката Тополка на надморска височина од 216 м. Лежи југозападно од градот Велес и не далеку на југоисток од Горно Оризари. Во близина на запад од селото и преку реката е фабриката „Порцеланка“. ИсторијаПодрачјето на Долно Оризари е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Свилара.[3] Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар го обележал Оризар како македонско село.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Долно Оризари имало 125 жители, од кои 85 Македонци, а 40 Турци.[4][6] На почетокот на XX век целото хистијанско население на Долно Оризари потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 128 Македонци под егзархијата.[4][7] На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Долно Чалтики (Dl. Caltiki) како мешано македонско христијанско и турско село.[4][8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци.[9] СтопанствоНаселение
По Втората светска војна е забележан голем пад на населението на Долно Оризари. На пописите во 1953 и 1961 г. за селото нема одделни податоци бидејќи е вброено во населението на Горно Оризари. Во подоцнежните децении имало по неколку жители, за конечно да биде иселено некаде во првата половина на 1990-тите. Според пописот од 2002 година, Долно Оризари немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установиКултурни и природни знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia