Кумарино — село во источниот дел на Општина Велес, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
Поглед на дел од селото Кумарино
Селото е ридско - рамничарско на надморска височина од 340 метри. Се наоѓа во сливното подрачје на реката Отовица, а од градот Велес е оддалечено 9 километри.
Историја
Стопанство
Селото Кумарино има изразито полјоделско стопанство при што најмногу е застапено одгледувањето на жита: пченица, јачмен на големи површини, пченка и градинарски култури како тикви за широка продажба и домати, краставици, марули претежно за сопствени потреби и индустриски култури како сончоглед и маслодајна репка на поголеми површини во околината. Во помал дел се одгледува и добиток.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Турци и 50 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото Кумарино има 74 жители, од кои 73 Македонци и 1 Србин.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 52 жители, од кои 46 Македонци и 6 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:
Македонски:
Доселеници:Секуловци (3 к.) најстар род во селото, не го знаат потеклото; Арсовци (4 к.) доселени се од селото Ново Село; Петрушевци или Пантовци (2 к.) доселени од селото Чалошево; Петковци (1 к.) доселени од селото Отовица; Божиновци (1 к.) доселени од селото Караслари. таму се викале Николовци; Јовановци (1 к.) доселени биле од селото Сојаклари, подалечно потекло од овчеполското село Трстеник.[11]
Турски: (денес целосно иселени)
Доселеници:Салиовци или Боримечкалар (2 к.) не го знаат потеклото; Елмазовиќ (1 к.) доселени биле од Мамутчево; Кичик (1 к.) доселени биле од Кишино; Ферадовиќ (1 к.) доселени биле во 1910 година од овчеполското село Ќоселари; Алимлар или Алимовиќ (4 к.) не го знаат потеклото.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2186 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственост на давитков стојан.[12]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“