Дордоња (департман)
Дордоња (француски: Dordogne, окситански: Dordonha) – департман во регионот Нова Аквитанија кој името го добил според истоимената река која поминува низ него. Седиште на префектурата е во Периге. ИсторијаДепартманот Дордоња е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Бил создаден од делови од поранешните провинции, главно од Перигор, но и од Ажене, Ангумоа и Лимузен.[1]. Во 1793 година, општините Боасеј, Кубжур, Женис, Пеизак, Сен-сир-ле-Шампањ, Сен Месмен, Салањак, Савињак-Ледрие, Сен Трие и Тејо биле извадени од департманот Корез и припоени на Дордоња. Во 1793 или 1794 година, Дордоња му го препуштила Каварк на Лот и Гарона[2]. На 6 нивоз III година (26 декември 1794), општината Паркул била извадена од Долна Шаранта и припоена на Дордоња [3]. Во 1819 година, општина Борепо е извадена од департманот и споена со Сујак во департманот Лот [4]. Во септември 1939 година, 80.000 Алзашани од Долна Рајна, од кои 60.000 стразбуржани и жители на деветнаесет села од Гран Рие, јужно од Стразбур, биле евакуирани кон Дордоња [5] ·[6]. Во август 1940 година, кога Алзас бил анектиран кон Германија, било организирано нивно враќање, но 15.000 од нив претпочитале да останат во Дордоња [5]. За време на примирјето од 22 јуни 1940 година, департманот бил поделен на два дела: окупирана зона на запад и слободна зона на исток.[7] ·[8]. По англоамериканското истоварање во Алжир и Мароко на 8 ноември 1942 година, Германците ја зазеле слободната зона на 11 ноември и се сместиле во Периге и Сент Астје[8]. До 1 јануари 2016 година Дордоња била дел од старата покраина Аквитанија. ГеографијаДепартманот е дел од регионот Нова Аквитанија и е опкружен со следните департмани: Горна Вјена, Корез, Лот, Лот и Гарона, Жиронда и Шаранта. Дордоња е третиот по големина департман во метрополитенска Франција. ДемографијаНајбројно население од 505.789 жители, департманот имал во 1851 година според пописот од таа година. По 150 години постојано намалување, бројот на жители паднал на 400.000 во 2000 година. Сепак, во првата декада од 21 век, има тренд на зголемување на населението. Во Дордоња живеат голем број Британци, меѓу 5.000 и 10.000, привлечени од лежерниот начин на живот, топлата клима и пониските трошоци за живот. Заради ова департманот го добил прекарот Дордоњшир[9] СтопанствоСо шумска површина од 4080 км2, распарчена на 90.000 сопственици, шумата зафаќа 44% од површината на департманот [10]. Шумскиот сектор, со бројни пилани и преработувачи, е вториот индустриски работодавач во Дордоња [11]. Лозарството со винови насади од сортите бержерак, монбазијка и пешарман е исто така голем работодавач и создавач на богатсва, како и вистинска туристичка атракција. Сместени главно на југоисток на департманот, 200 производители на тутун обезбедуваат 15% од националното производство[12]. Во 2012 година, туризмот претставувал 21% од БДП на департманот и сè уште има потенцијал за понатамошен развој, особено кон англосаксонските посетители, љубители на француската гастрономија [13]. Во индустрискиот дел, 3271 претпријатија распределени низ целиот департман вработуваат околу 23.800 лица [14]. Туризам
Во Дордоња има преку 1.500 замоци[15] како:
Прочуените пештери Ласко се затворени за посетители, но копија на Ласко е отворена за посетителите и е голема туристичка атракција. Периге има важни римски руини, вклучително и арена која е сè уште видлива во паркот во близина на центарот на градот. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia