Играчи на хрватската фудбалска репрезентацијаВклучувајќи го и периодот од 1940 до 1956 за хрватската репрезентација досега настапиле преку 250 играчи и од нив преку 90 постигнале барем еден гол. Историја![]() Низ историјата за хрватската репрезентација настапиле преку 250 играчи. Некој од нив оставиле длабока трага и ќе останат запомнети некој не, но затоа е тука статистиката за да ги бележи сите нивни настапи низ историјата. Доскорашниот капитен на репрезентацијата Дарио Срна е рекордер во неколку категории. Тој е моментално играчот со најмногу настапи за хрватската репезентација вкупно 134, од неговото деби во ноември 2002 против Романијa[1][2][3]; исто така тој е единствениот активен репрезентативец во моментов со преку 100 настапи за Хрватска. Втора категорија каде што тој е водечки е бројот на настапи како капитен на репрезентацијата и такви има вкупно 65 досега, 17 повеќе од вториот на листата Звонимир Бобан. Срна исто така е играчот со најмногу настапи за Хрватска на големите настани заедно со Ивица Олиќ, вкупно по 5, две Светски и три Европски првенства (Олиќ играл на три Светски и две Европски првенства). Дарио Шимиќ пак бил првиот репрезентативец кој стигнал до 100-тиот настап за Хрватска, во натпреварот против Словенија на 20 август 2008.[4] Моменталниот претседател на ХНС Давор Шукер е рекордер по бројот на постигнати голови за хрватската фудбалска репрезентација.[1][5] Тој има вкупно 45 гола од нив 6 на Светското првенство 1998 во Франција каде бил најдобар стрелец.[6] Тој исто така, е единствениот играч кој постигнал два хет-трика во коцкестиот дрес. Младен Петриќ е единствениот играч кој постигнал повеќе од три гола за хрватската репрезентација, откако на 7 октомври 2006 бил стрелец на четири гола во победата со 7-0 над Андора на Максимир.[7] Најмладиот играч кој дебитирал за репрезентацијата бил Ален Халиловиќ со само 16 години 11 месеци и 22 дена,[8] додека најстариот играч кој настапил за репрезентација бил легендарниот голман Дражен Ладиќ со 37 години 4 месеци и 27 дена. Најмлад стрелец за репрезентацијата бил Иван Ракитиќ со 19 години 6 месеци и два дена, додека најстариот стрелец бил Нико Ковач со 36 години 10 месеци и 22 дена. Дражен Ладиќ исто така е рекоредер кај голманите со 467 минути без примен гол. Предводејќи ја Хрватска до финалето на Светското првенство 2018 во Русија (во кое загубиле од Франција), Лука Модриќ бил прогласен за најдобар играч на првенството. Имајќи предвид дека во истата година бил и европски првак со Реал Мадрид, на крајот од годината сосема заслужено бил добитник и на Златната топка, со што станал првиот хрват кој ја освоил најважната поединечна награда во светот на фудбалот. Вечен список на играчи по бројот на настапи за хрватската репрезентацијаПодолу е прикажана вечниот список на играчи по бројот на настапи за хрватската репрезентација. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Напомена: Најмлади и најстари репрезентативци
Вечен список на стрелци за хрватската репрезентацијаПодолу е прикажана вечниот список на играчи по бројот на постигнати голови за хрватската репрезентација. ![]() ![]() ![]() Напомена: Најмлади и најстари стрелци
КапитениПодолу е прикажан списокот на капитени и бројот на натпревари во кој ја носеле капитенската лената за хрватската репрезентација.
Голмани по број на минути без примен гол
Состави1 Ладиќ, 2 Крпан, 3 Шериќ, 4 Штимац, 5 Јуриќ, 6 Билиќ, 7 Асановиќ, 8 Просинечки, 9 Шукер, 10 Бобан, 11 Мариќ, 12 Мрмиќ, 13 Станиќ, 14 Солдо, 1 Плетикоса, 2 Шериќ, 3 Шимуниќ, 4 Томас, 5 Рапаиќ, 6 Живковиќ, 7 Вугринец, 8 Просинечки, 9 Шукер, 10 Н. Ковач, 11 Бокшиќ, 12 Бутина, 13 Станиќ, 1 Плетикоса, 2 Срна, 3 Шимуниќ, 4 Р. Ковач, 5 Тудор, 6 Врањеш, 7 Шимиќ, 8 Бабиќ, 9 Пршо, 10 Н. Ковач, 11 Токиќ, 12 Дидулица, 13 Томас, 14 Модриќ, 1 Плетикоса, 2 Врсаљко, 3 Прањиќ, 4 Перишиќ, 5 Чорлука, 6 Ловрен, 7 Ракитиќ, 8 Вукојевиќ, 9 Јелавиќ, 10 Модриќ, 11 Срна, 12 Зеленика, 13 Шилденфелд, 1 Ливаковиќ, 2 Врсаљко, 3 Стриниќ, 4 Перишиќ, 5 Чорлука, 6 Ловрен, 7 Ракитиќ, 8 Ковачиќ, 9 Крамариќ, 10 Модриќ, 11 Брозовиќ, 12 Калиниќ, 13 Једвај, 1 Ладиќ, 2 Јурчевиќ, 3 Јарни, 4 Штимац, 5 Јеркан, 6 Билиќ, 7 Асановиќ, 8 Просинечки, 9 Шукер, 10 Бобан, 11 Бокшиќ, 12 Мрмиќ, 13 Станиќ, 14 Солдо, 1 Васиљ, 2 Токиќ, 3 Шимуниќ, 4 Томас, 5 Тудор, 6 Живковиќ, 7 Рапаиќ, 8 Срна, 9 Пршо, 10 Н. Ковач, 11 Шокота, 12 Бутина, 13 Шимиќ, 14 Неретљак, 1 Плетикоса, 2 Шимиќ, 3 Шимуниќ, 4 Р. Ковач, 5 Чорлука, 6 Вејиќ, 7 Ракитиќ, 8 Вукојевиќ, 9 Калиниќ, 10 Н. Ковач, 11 Срна, 12 Галиновиќ, 13 Покривач, 1 Плетикоса, 2 Стриниќ, 3 Шимуниќ, 4 Буљат, 5 Чорлука, 6 Прањиќ, 7 Ракитиќ, 8 Вукојевиќ, 9 Јелавиќ, 10 Модриќ, 11 Срна, 12 Келава, 13 Шилденфелд, НаградиСпортисти на годината во ХрватскаВкупно пет фудбалери ја добиле наградата за Спортист на годината во Хрватска која ја доделува спортскиот весник Спортски новости.
Најдобри стрелци на натпреварувања
УЕФА награди
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia