Карадере ПазарскоЗа други значења на поимот, погл. Карадере (појаснување).
Карадере Пазарско или Карадере Ениџевардарско (грчки: Μαυρόλακκος Γενιτσών, Мавролакос Јеницон; до 1925 г. Καρά Δερέ Γενιτσών, Кара дере Јеницон[1][2]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало во јужниот дел на котлината Меглен, источно од Драгоманци и јужно од Слатина и Рудино. Лежело на десниот брег на реката Мегленица, спроти истоименото Карадере Воденско сместено на левиот.[1][3] ИсторијаСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Кара Дере живееле 80 Македонци-христијани и 165 Македонци-муслимани.[4] Според Тодор Симовски податоците се за двете села под името Карадере на двата брега на Мегленица.[1][3] Егзархиската статистика за Воденската каза од 1912 г. ги води двете села како македонски муслимански, што според Симовски е погрешно, и според него населението било сочиенето од Турци Јуруци.[1] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Пазарска Карадере имало 30 турски куќи.[5] Во ГрцијаЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 184 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 139 лица.[1] Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и целото село останало напуштенјо.[3] Во 1925 г. селото е преименувано во Мавролакос.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia