Цакони (Воденско)Оваа статија се однесува на воденското село. За костурското, погл. Цакони (Костурско).
Цакони (грчки: Χρύσα, Хриса; до 1922 г. Τσάκων Τσιφλίκ, Цакон Цифлик[1]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 325 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[2] ГеографијаСелото е сместено во котлината Меглен, на 2 км југоападно од С’ботско. Денес не се смета за одделно село, туку како населба на Цакон Маала.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Цакони е заведено како чисто македонско село во Воденската. Некогаш било чифлик, па затоа се нарекувало и Цакон Чифлик.[2] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Цаконе (Tzakoné) е село во Воденската каза со 37 куќи од 68 Македонци-христијани и 60 Македонци-муслимани.[4][5] Во 1887 г. во Цакони проработела бугарската пропаганда со отворање на училиште.[6] Подоцна селото паднало под врховенството на Бугарската егзархија. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Цакони живееле 260 Македонци христијани.[4][7] Според егзархсискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Цакони (Tzakoni) имало 320 Македонци под егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[4][8] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 331 жител, кои во 1920 г. спаднале на 291.[2] Во 1920-тите муслиманското македонско население на Цакони е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти. Според пописот од 1928 г. Цакони станало етнички мешано село со 572 жители[2] од кои 177 биле грчки дојденци (42 семејства).[9] Во меѓувреме дојденците се намножиле, така што во 1940 во селото живееле 724 лица, од кои 483 Македонци и 241 дојденец.[2] Цакони прилично настрадало во Граѓанската војна, при што неколку македонски семејства и поединци пребегале во Р Македонија и источноевропските земји, а дел од грчките дојденци се засолниле во градовите.[2] Поради тоа, во 1951 г. е забележан пад на 402 жители, иако во 1960-тите населението повторно се накачило. Според истражување од 1993 г. селото е мешано македонско-дојденско, во кое, македонскиот јазик е зачуван на средно ниво.[10] На почетокот на XXI век Цакони престанало да се смета за одделно место, туку е вброено како населба на Цакон Маала, што е случај и со блиското со Долно Турманли. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоРечиси целото земјиште на селото се наводнува и дава високи приноси. Се одгледуваат индустриски пиперки, граорни култури, десертно грозје, овошје и други земјоделски производи.[2] Личности
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia