Манастир (Воденско)
Манастир (грчки: Μοναστηράκι, Монастираки; до 1926 г. Μοναστηρτζίκ, Монастирѕик[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 141 жител (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е дојденско.[3] ГеографијаСелото е сместено во областа Меглен, 2 км јужно од Бизово, југозападно од С’ботско и 25 км северно од Воден. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо дадено време еден дел од жителите на Струпино го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Монастирче (Monastyrtche) било село во Воденската каза со 38 куќи на вкупно 125 Македонци-муслимани.[4][5] Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, на крајот на XIX век Манастир бил македонско-муслиманско село со машко население од 227 лица во 66 домаќинства.[6][7] Споерд статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Манастир (Манастиръ) било село сочинето од 350 Македонци-муслимани.[4][8] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 70 македонски муслимански куќи.[3] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 427 жители, кои во 1920 г. спаднале на 348.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Монастираки, што е прост грчки превод. Во 1920-тите населението на Манастир е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Мала Азија. Според пописот од 1928 г. селото било чисто дојденско со 241 жител од 62 семејства.[9] Во 1940 г. Манастир броел 373 жители, но настрадал во Граѓанската војна кога властите го повлекле населението во близкото село Бизово. По војната, во селото се вратиле само еден дел од жителите, па така во 1951 г. е забележано население од 132 лица.[3] Освен мало покачување во 1950-тите, бројноста на населението останала устојчива до денес. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото има мошне плодно земјиште кое во добар дел се наводнува. Главни производи се гравот, тутунот, житото и овошјето.[3] Наводи
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia