Трстеник (Ениџевардарско)За други истоимени места, погледајте Трстеник.
Трстеник (грчки: Θηριόπετρα, Тирјопетра; до 1929 година: Τρέστενικ, Трестеник[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во подножјето на планината Пиново, дел од Кожуф, северозападно од селото Фуштани, на надморска височина од 285 метри.[3] Селото се наоѓа на 12 километри северно од селото Капињани, во северниот дел на котлината Меглен. ИсторијаДо 1924 година селото било населено исклучително со македонско население, но неговите жители во немирните години, заради поголема семејна и имотна сигурност, ја сменило својата вера и се исламизирало.[3] Во 1924 година, македонските муслимани во согласност со Лозанскиот договор, биле принудени да се иселат во Турција, а на нивно место грчките власти населиле поголем број бегалски семејства од Мала Азија (нивен говорен јазик бил турскиот), како и помал број бегалци од Понд и од Источна Тракија. Според пописот во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 121 бегалско семејство со вкупно 466 жители.[4] Во 1929 година, името на селото било променето во Тирјопетра (Θηριόπετρα), а новото име е дадено од свештеникот Анастасиј Папајоану. СтопанствоИако е полупланинско, половината од обработливите површини на селото лежат во полето и се наводнуваат, поради што се добиваат високи приноси. Населението произведува овошје, тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно е развиено и сточарството, бидејќи постојат погодни услови (непрегледни терени погодни за сточарење).[3] НаселениеСпоред Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век, Трстеник било македонско-муслиманско село со машко население од 659 души и 160 домаќинства.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Страишта живееле 1.000 Македонци-муслимани.[3][6] Егзархиската статистика го водела со 1.138 жители. Во 1920 година, Трстеник било посочено како македонско-муслиманско село со 230 муслимански куќи.[3][7] Селото во пописот од 1913 година било забележано со 1.218, а во 1920 година со 1.138 жители. Во 1924 година била извршена размената на население, односно муслиманите биле принудно иселени во Турција, а на нивно место биле доселени грчки бегалски семејства од Мала Азија (нивен говорен јазик бил турскиот), како и помал број бегалци од Понд и Источна Тракија. Во 1928 година селото имало 473, а во 1940 година 717 жители. Иако настрадало во Граѓанската војна, Трстеник во 1951 година имало 478 жители, во 1961 година 555, во 1971 година 446, во 1981 година 397, а во 1991 година 361 жител.[3] Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 401 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 334 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1919 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 19 квадратни километри.[3] Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Страишта, во кој е единственото село. Културни и природни знаменитости
Наводи
Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia