Цакон Маала
Цакон Маала или Јурук Маала[2] (грчки: Τσάκοι, Цаки; до 1926 г. Τσάκων Μαχαλά, Цакон Махала[3]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓа во средишниот дел на котлината Меглен, на 3 км југозападно С’ботско.[2] Во Отоманското ЦарствоОва е релативно ново село, основано од Турци Јуруци.[2] Во XIX тоа било село во Воденската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Цакон Махале живееле 550 Турци.[4] Егзархиската статистика за Воденската каза од 1912 г. го води селото со 550 жители Турци.[2] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Цакон-махала пред Балканските војни имало 150 куќи на Турци.[5] Во ГрцијаЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 682 жители кои во 1920 г. се намалиле на 526 лица.[2] Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор турското население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Понт и Мала Азија, Турција.[2] Во 1926 г. е преименувано во Цаки или Цаконес (Τσάκωνες). На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 99 семејства сочинети од 118 лица.[6] За време на Граѓанската војна (1946-1949) дел од населението пребегало во Солун и полските села во Ениџевардарско.[2] Земјиштето целосно се наводнува и се произведуваат пиперки, десертно грозје и овошје.[2]
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia