Горно Турманли
Горно Турманли (грчки: Ανω Ροδωνιά, Ано Родонија; до 1926 г. Τουρμανλή, Турманли[2]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес населба на селото Биџова Маала во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè со 1920-тите било населено со Турци, а денес е населено со грчки дојденци и едно македонско семејство.[3] ГеографијаГорно Турманли е сместено во средиштето на котлината Меглен, 4 км југозападно од С’ботско.[3] Денес е дел од селото Биџова Маала, а во минатото било дел од селото Турманли во кое било маало заедно со Долно Турманли.[4] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСелото е релативно ново, подигнато од Турци сточари од народноста Јуруци. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена в Цариград се вели дека во 1873 г Турман (Tourman) било село во Воденската каза со 27 куќи на 96 жители муслимани.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Торомин Махале живееле 225 Турци.[6] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни Турманли (Горно и Долно) имало 35 турски куќи.[3] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото Турманли (сочинето од двете маала) е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. броело 338 жители, кои во 1920 г. спаднале на 282.[3] Во 1920-тите населението на Турманли е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од таа земја. Во 1926 г. е преименувано во Ано Родонија. Според пописот од 1928 г. селото Турманли било наполно дојденско, со 261 грчки дојденец од вкупно 65 семејства.[7] Во таа пописна година Горно Турманли почнало да се брои како одделно населено место, со 103 жители, кои во 1940 г. стамнале 127.[3] Во 1951 г. населението двојно се намалило, и сега имало 63 жители. Селото покажува периоди на наизменичен раст и опаѓање сè до 1991 г. кога имало 85 жители. Во текот на следното десетлетие веќе престанало да се смета за одделно место и почнало да се вбројува кон Биџова Маала како нејзина населба. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоЗемјиштето целосно се наводнува и затоа дава високи приноси. Главни производи се житото, гравот, овошјето, грозјето и др.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia