Северјани , Северни или Севрели (грчки : Βορεινό , Ворино ; до 1926 г. Σέβρενη , Севрени [ 2] ) — село во Воденско , Егејска Македонија , денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија , Грција. Сè до 1920-тите било населено со исклучиво со Македонци .[ 3]
Географија
Селото се наоѓа во северниот дел на котлината Меглен , под јужните падини на плаинната Кожуф . Лежи на 8 км северно од С’ботско .[ 3]
Историја
Во Отоманското Царство
Ова македонско село некогаш било христијанско, но во немирните години поголем дел од населението под принуда го прифатило исламот.[ 3]
Во XIX век Северјани било село во Ениџевардарската каза. Според Стефан Верковиќ , кон крајот на XIX век Северјани (Севрени ) било македонско муслиманско село со 586 машки жители и 150 домаќинства.[ 4] [ 5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 г. во Севрели живееле 130 Македонци-христијани и 1200 Македонци-муслимани.[ 6]
Целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија . Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 г. во Севрени (Sevreni) имало 160 Македонци под патријаршијата и во него работело грчко училиште .[ 4] [ 7]
Егзархиската статистика за Воденската каза од 1912 г. го води Северјани со 1.330 македонски жители, од кои 130 христијани и 1.200 муслимани.[ 3] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Северени имало 218 куќи на Македонци-муслимани.[ 8]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 1.466 жители, а во 1920 г. во Северјани се попишани 1.143 лица.[ 3]
Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население на Северјани е иселено во Турција, а на негово место се доведени 682 Грци, претежно од Понт .[ 3] Во 1926 г. е преименувано во Ворино (со значење Северно , буквален превод на македонското име).[ 3] На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 177 семејства сочинетии од 659 лица.[ 9] Според други податоци, во 1928 г. селото имало 693 жители, од кои 11 биле домородни, а останатите дојденци.[ 3]
Селото произведува жито, тутун, пиперки, десертно грозје, а развиено е и сточарството.[ 3]
Месности во Северјани преименувани со службен указ на 6 август 1969 г.
Име
Грчки
Ново име
Грчки
Опис
Диња[ 10]
Ντίνια
Константина
Κωνσταντινιά[ 11]
блато на ЈИ од Северјани[ 10]
Поток[ 10]
Ποτόκ
Плимира
Πλημμύρα[ 11]
река на Ј од Северјани, десна притока на Баришта[ 10]
Курти[ 10]
Κουρτί
Рема
Ρέμα[ 11]
река на Ј од Северјани, десна притока на Баришта[ 10]
Дабот[ 10]
Νταμποτ
Веланидиес
Βελανιδιές[ 11]
месност на Ј од Северјани[ 10]
Карбури[ 10]
Καρμπούρι
Камбура
Καμπούρα[ 11]
месност на ЈИ од Северјани[ 10]
Чиковец[ 10]
Τσικοβιτς
Микра
Μικρά[ 11]
месност на ЈИ од Северјани и на Ј од Невор [ 10]
Врбак[ 10]
Βάρμπα
Итиес
Ίτιές[ 11]
месност на ЈИ од Северјани[ 10]
Кајнарџа[ 10]
Καινάρτζα
Термо
Θερμό[ 11]
река на И од Северјани, десна притока на Баришта[ 10]
Порој
Πορόϊ
Мелисотопос
Μελισσότοπος[ 11]
Караџова
Καρατζόβα
Маврос Камбос
Μαύρος Κάμπος[ 11]
областа во која е сместено Северјани (Меглен )[ 12]
Бунив Камен[ 10]
Μπούνιφ Κάμεν[ 11]
Куфопетра
Κουφόπετρα
месност на Кожуф на С од Северјани[ 10]
Белица
Μπελίτσα
Аспрорема
Άσπρόρεμα[ 11]
Исарот[ 10]
Ίσροτ
Химадио
Χειμαδιό[ 11]
месност на Кожуф на С од Северјани и на Ј од Зборско [ 10]
Ронго[ 10]
Ρόγκοτ
Вурло
Βούρλο[ 11]
врв на Кожуф на СЗ од Северјани и на З од Зборско (1.169 м)[ 10]
Леска[ 10]
Λέσκα
Рема
Ρέμα[ 11]
река на Кожуф на С од Северјани[ 10]
Лескова Нива[ 10]
Λίσκοβα Νίβα[ 11]
Лефтокарија
Λεφτοκαρυά
месност на Кожуф на С од Северјани[ 10]
Црвени Земји[ 10]
Τσερβένι Ζέμνι[ 11]
Кокинохома
Κοκκινόχωμα
врв на Кожуф на С од Северјани и на СИ од Зборско [ 10]
Катофилков Камен[ 10] или Катофилски камен[ 13]
Κατοφίλκο Κάμεν[ 11]
Петра ту Филипу
Πέτρα τοϋ Φιλίππου
врв на Кожуф на С од Северјани и на С од Зборско [ 10]
Бела Вода[ 10]
Βένα Βόδα
Аспрокорфи
Άσπροκορφή[ 11]
врв на Кожуф на С од Северјани и на СЗ од Зборско [ 10]
Ќулто[ 10]
Κιοϋλτο
Келари
Κελάρι[ 11]
врв на Кожуф на СЗ од Северјани[ 10]
Средоречка[ 10]
Στρεντορίτσκα
Месео Дромаки
Μεσαίο Δρομάκι[ 11]
река на Кожуф на С од Северјани, лева притока на Козјак[ 10] (Круша)[ 12]
Чаири[ 10]
Τσαΐρι
Ливади
Λειβάδι[ 11]
шума на Кожуф на СЗ од Северјани на Средоречка Река[ 10]
Грото[ 10]
Γκρότο
Плая
Πλαγιά[ 11]
врв на Кожуф на СЗ од Северјани[ 10]
Витлогрико[ 10]
Βιτλόγρικο
Агриоплаја
Άγριοπλαγιά[ 11]
врв на Кожуф на СЗ од Северјани (1.360 м)[ 10]
Динга[ 10]
Ντίγκα
Сикома
Σήκωμα[ 11]
врв на Кожуф на С од Северјани (1.564,9 м)[ 10]
Куровица[ 10]
Κουροβίτσα
Куфала
Κουφάλα[ 11]
врв на Кожуф на С од Северјани и на С од Зборско (1.679,1 м)[ 10]
Бела Чука[ 10]
Μπαλατσούκα
Аспрокорфес
Άσπροκορφές[ 11]
врв на Кожуф на С од Северјани, гранична пирамида бр. 100[ 10]
Кинарјо[ 10]
Κυνάργο
Оргомено
Όργωμένο[ 11]
месност на Кожуф на С од Северјани Ј под гранична пирамида бр. 102[ 10]
Порој[ 10]
Πορόϊ
Химарос
Χείμαρρος[ 11]
името на горното течение на Козјак, река на СЗ од Северјани која го двои Ниџе на И од Кожуф на З[ 10]
Хани[ 10]
Χάνι
Пандохиу
Πανδοχείου[ 11]
шума на Кожуф на С од Северјани, под Бела Чука[ 10]
Оровишта[ 10]
Όρόβιστο
Врахаки
Βραχάκι[ 11]
врв на Кожуф на СЗ од Северјани[ 10]
Плаца[ 10]
Πλάτσα
Платома
Πλάτωμα[ 11]
врв на Кожуф на С од Северјани[ 10]
Ликовина[ 10]
Λυκοβίνα
Вотано
Βότανο[ 11]
врв на Кожуф на С од Северјани и на ЈЗ од Зборско (1.024,7 м)[ 10] [ 10]
Кутупи[ 10]
Κουτούπι
Куцуро
Κούτσουρο[ 11]
месност на С од Северјани[ 10]
Горско[ 10]
Γκόρστκο
Дасико
Δασικό[ 11]
месност на Кожуф на СЗ од Северјани[ 10]
Прашник[ 10]
Πράσνικ
Прасотопос
Πρασσότοπος[ 11]
месност на Кожуф на СЗ од Северјани, меѓу граничните пирамиди бр. 106 и 107[ 10]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
963
777
728
790
616
607
871
766
673
Извор за 1940-1991 г. : Т. Симовски , Населените места во Егејска Македонија
Наводи
↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“ . Државен завод за статистика на Грција.
↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“ . Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021 .
↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF) . I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 100. ISBN 9989-9819-5-7 .
↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 114. ISBN 954-9308-51-0 .
↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика . София: Българското книжовно дружество. стр. 148. ISBN 954430424X .
↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF) . Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 102–103.
↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF) . Насеља српских земаља . стр. 25.
↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928 , Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
↑ 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 10,14 10,15 10,16 10,17 10,18 10,19 10,20 10,21 10,22 10,23 10,24 10,25 10,26 10,27 10,28 10,29 10,30 10,31 10,32 10,33 10,34 10,35 10,36 10,37 10,38 10,39 10,40 10,41 10,42 10,43 10,44 10,45 10,46 10,47 10,48 10,49 10,50 10,51 10,52 10,53 10,54 10,55 10,56 10,57 10,58 10,59 10,60 10,61 10,62 10,63 10,64 10,65 10,66 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
↑ 11,00 11,01 11,02 11,03 11,04 11,05 11,06 11,07 11,08 11,09 11,10 11,11 11,12 11,13 11,14 11,15 11,16 11,17 11,18 11,19 11,20 11,21 11,22 11,23 11,24 11,25 11,26 11,27 11,28 11,29 11,30 11,31 11,32 11,33 11,34 11,35 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 496. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF) . Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 150): 1070. 1969.
↑ 12,0 12,1 Топографска карта ЈНА 1: 50.000.
↑ Kavadarci GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944.