Мирдита
Мирдита (познато и како: Мердита) — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар. Потекло и значење на иметоСелото е основано од Албанци од областа Мирдита во северна Албанија, по кои го добило своето име.[2] Во 2014 година, селото е преименувано од Мердита во Мирдита.[3] Географија и местоположбаМирдита е мало село во изворишниот дел на реката Вардар. Во близина на него се наоѓаат селата Равен и Вруток.[2] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Ограда, Завој, Лака, Поле, Калдрма, Ара Ќат и други.[2] Селото е мало и не се дели на маала.[2] ИсторијаНа местото на денешното село, порано постоел чифлиг на муслиманите Асан и Есад. За Есад се кажувало дека бил паша. Обајцата припаѓале на познатиот албански род Дерала. Нивните кули се наоѓале во соседното Здуње. Нивното земјиште го обработувале Македонци, но подоцна тие стари жители исчезнале од селото. Од нив се зачувал споменот само за некој Митре, но не се знае каде се иселил.[2] Подоцна, земјиштето на денешното село го купиле селаните од Вруток, а во помал дел и селани од Равен и некој Албанец Реџо. Поради тоа, земјиштето околу Мирдита се сметало како дел од вруточкиот атар.[2] Околу средината на XIX век, на местото на денешното село се населиле муслимански Албанци. По областа од каде тие дошле (Мирдита), самото село го добило и името.[2] СтопанствоЗа селото не се воделе одвоени катастарски податоци, поради што не се знае составот на атарот. НаселениеСпоред последниот попис од 2021 година, во селото живеел 151 жител, од кои 150 Албанци и 1 лице без податоци.[4] РодовиМирдита е албанско село. Целото население е доселено.[2] Според истражувањата од 1948 година, родови во селото: Мердит (10 к.), доселени се од областа Мирдита во северна Албанија. Поточно од селото Ороши. Тие најпрвин дошле во соседното планинско село Печково, но таму не останале долго и се симнале во Вруток. Во Вруток, постарите родови не сакале да ги примат, поради што дошле на ова место. Во нивниот род се знае родословот: Сеадин (жив 82 години во 1948 година)-Мислим-Асан, еден од предците кои дошле во Печково. Во минатото биле католици. Општествени установи
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Мало Турчане било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство. Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната помала Општина Гостивар. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Вруток, во која не било водено како посебно село. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од тогашната општина Вруток во која влегувале селата Вруток, Мердита, Печково и Равен. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 2974 според Државната изборна комисија, сместенo во просториите на месна зедница.[5] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 69 гласачи.[6] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia