Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Лешница — село во Долнојеловјанска општина во Горнополошкиот срез и има 17 куќи со 109 жители, сите Македонци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 128 жители, од кои 88 Македонци, 31 Албанец и 9 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Лешница е македонско село. Според истражувањата правени во доцните четириесетти на 20 век родови во селото се:
Ристевци (4 к.), Стојановци (6 к.) и Ефтовци (6 к.) ова се староседелски родови; Уковци (2 к.) доселени се однекаде; Мојсовци (4 к.) доселени се од селото Дуф; Цветковци (2 к.) доселени се однекаде; Ѓуровци (1 к.) доселени се од селото Маврово.[13]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 532 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
↑D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.124-125.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.25.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“