Горно Јеловце
Горно Јеловце — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар. Географија и местоположбаИсторијаВо XIX век селото било дел од Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство. Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2] СтопанствоНаселение
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Јеловце живееле 710 жители, од кои 390 Македонци и 320 Албанци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Јеловце имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4] Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Горно Јеловце е дел од Долнојеловска општина (со центар во Здуње) во Горнополошкиот срез и има 57 куќи со 405 жители, Македонци и Албанци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6] Според пописот од 2002 година, во селото Горно Јеловце живеат само 2 жители, Македонци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГорно Јеловце е македонско село. Родови во селото се: Радевци (4 к.), Цопаковци (6 к.), Царуски (10 к.) доселени се од селото Ничпур, Горна Река; Дудевци (4 к.) и Буревци (4 к.) доселени се од селото Реч, Горна Река; Сурлевци (6 к.) доселени се од селото Штировица, Горна Река; Кекеревци (3 к.) доселени се од некое село во Горна Река; Фенчевци (4 к.) доселени се од некое село во Полог. Помуслиманен македонски род: Ковачевци (1 к.) доселени се од некое место во Албанија, таму предците им биле православни. Албански род: Мерсимовци (1 к.) доселени се од некое место во Албанија.[12] Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 533 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Долно Јеловце.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14] Културни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia