Горна Ѓоновица
Горна Ѓоновица (дијалектно: Горна Ѓоноица) — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар. Потекло и значење на иметоСелото го добило своето име од својот основач Ѓоне. Подоцна го добила името Горна за да се разликува од соседното Долна Ѓоновица, кое се наоѓа на 1,5 километри северозападно.[2] Дијалектно е познато и под името Горна Ѓоноица. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Гостивар, лево од стариот пат за Охрид, на северната падина на планината Буковиќ, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 810 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено 14 километри.[3] Селото се наоѓа високо на планината Буковиќ. Северно и источно од него се наоѓа длабоката долина на Ѓоновичка Река (или Симничка Река). Во минатото, мештаните вода за пиење пиеле од чешмите и од изворите околу селото како Брачеец, Гиначоо, Воден Дол, Орниче, Горни Бигор, Шкуртоа Ливада и Бела Вода.[2] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Расло Гумно, Требејнца, Танео Гумно, Стари Куќи, Грнчари, Мали Присој, Бркоа Нива, Црни Јели, Црни Врв, Прдоа Нива, Самоков, Трноа Слива, Меризи, Под Јасики, Бигор, Ѕвезда, Ливаѓе, Кошари, Црни Камен, Пештер, Воден Дел, Кукљоо, Фргички Присој, Краста, Чаришта, Лош Дол, Габер, Запоќе, Гоечки Меризи, Мечито, Тепе и Чука.[2] Горна Ѓоновица е типична селска населба од збиен тип. Поделено е на две маала наречени Горно и Долно Маало.[2] Покрај тоа, во атарот на селото постои издвоена населба („заселок“) наречена Бигор, во која живеат етнички Албанци. ИсторијаНа местото каде се наоѓаат двете села Горна и Долна Ѓоновица постоело старо македонско село, кое имало околу 350 домови. Тоа старо село било уништено, а старата црква и гробишта се наоѓале на местото на денешните гробишта во муслиманско-албанското село Долна Ѓоновица. Старото село било раселено во некоја војна, која се случила околу 1700-тите години, што се поистоветува со уништувањето и другите околни македонски села и познатиот Симнички манастир во денешното муслиманско-албанско село Симница. Од старите мештани останала само една жена (Крајоица) со две машки деца (Ѓоне и Доне), која заминала кај своите кумови во Закамен, раселено село во струшка Малесија.[2] На селиштето на старото село се познаваат остатоци од куќи, кои може да се сретнат на месностите Стари Куќи, Орниче, Фуша Дангут (Дангово Поле) близу Долна Ѓоновица, како и на местото каде денес се наоѓа селото Горна Ѓоновица.[2] По уништувањето на старото село, земјиштето некое време останало ненаселено. Подоцна се проширила вест по околните области дека преживеаните македонски жители од ова село, но и од другите соседни села, можат да се вратат во своите стари села. Жената која заминала во Малесија се вратила со своите возрасни синови во старото напуштено село. На селиштето нашле само еден ан, кој припаѓал на новодоселениот Македонец Тане. Анот се наоѓал на местото на денешна Горна Ѓоновица, додека мајката со своите синови подигнала куќа на местото каде денес се наоѓа Долна Ѓоновица. На тој начин, старото село започнало да се обновува. Но, набрзо во селото се случила чума, од која сите умреле освен синот наречен Ѓоне.[2] ![]() Кога првпат било обновено селото, еден Албанец од Албанија побегнал во Полог и се сместил во еден ан кај денешното село Долна Бањица. Ѓоне го повикал овој Албанец во неговото село, за да не седи сам, но набрзо потоа во Ѓоновица завладеале пљачка и несигурност. Ѓоне ја напуштил својата куќа и имот во Долна Ѓоновица и се населил во денешното Горна Ѓоновица.[2] За време на отоманскиот период, селаните биле мета на напади од некои Албанци од другите села: ги убивале на пасиштата, во шумите, во нивите, им ја грабале стоката, но и ги напаѓале при поминување низ Долна Ѓоновица на патот за Гостивар.[2] При пожар во 1937 година, во селото настрадале 16 куќи.[2] Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4] СтопанствоАтарот на селото е заеднички со атарот на соседното село Долна Ѓоновица и зафаќа простор од 14,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 835,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 462,4 хектари, а на обработливото земјиште 110,7 хектари.[3] Врз основа на составот на атарот селото Горна Ѓоновица има мешовита земјоделска функција.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѓоновица (Горна и Долна) живееле 330 жители, од кои 140 жители Македонци христијани и 190 Албанци муслимани.[5] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ѓоновица (Горна и Долна) имало 200 Македонци под врховенството на патријаршијата.[6] Селото е мало и во 1961 година броело 164 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 16 жители, од кои 13 биле Македонци, а тројца жители Срби.[3] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 8 жители, сите Македонци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 40 жители, од кои 39 Албанци и 1 лице без податоци.[8] Оваа промена за етничката структура во селото е поради создавањето на населбата Бигор, која катастарски е вброена во Горна Ѓоновица. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГорна Ѓоновица е македонско село.[2] Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:
ИселеништвоВо струшкото село Луково живее родот Ѓоновци (7 к.), кои дошле како тројца браќа. Родот Миревци живеат во Гостивар, додека родот Геговци живеат во Дебреше, а Божиновци се иселиле во Церово (Гостиварско).[2] Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Горна Ѓоновица било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство. Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната помала Општина Долна Бањица. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар. Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Бањица, во која покрај Горна Ѓоновица се наоѓале Беловиште, Горна Бањица, Долна Бањица, Долна Ѓоновица, Лакавица, Митрои Крсти, Симница, Сретково, Сушица и Церово. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во тогашната општина Симница во која влегувале селата Горна Ѓоновица, Долна Ѓоновица, Митрој Крсти, Симница, Сретково и Трново. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 513 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Долна Ѓоновица.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 256 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 254 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia