Митрој Крсти
Митрој Крсти — село во Општина Гостивар, во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар. Географија и местоположбаСелото е Митрој Крсти, се наоѓа расположено на надморска височина од 840 метри. Во околината на селото има многу месности кои се нарекуваат Крстови, а селото е на оддалеченост од 7 километри јужно од градот Гостивар и се наоѓа на стариот пат таканаречен Виа Игнатиа, за Кичево. Тргнувајќи од Гостивар следи Митрој Крсти, селата Долна и Горна Ѓоновица, па патот води кон планината Буковиќ и така за Кичево. Веднаш над селото се наоѓа врвот Краста, висок околу 990 метри од кој се гледа Тетово и целата околина, а одма под него е селото Лакавица. Во 1924 година е изграден и донесен до селото водовод со една чешма на сретселото и тоа од далечниот извор викан Бела Вода. Атарот на селото Митрој Крсти зафаќа површина од 4 км2.[2] ИсторијаПрв досега познат податок запишан за селото е дека селото е запишано како Димитри Крст во Кичевска нахија во пописот од 1453 година и тогаш броело околу десет куќи. Со текот на времето во македонскиот говор од овој крај името Димитрија постепено преоѓа во Митре и така селото сега го има името Митрови Крсти. Во историјата нема многу податоци за селото, но за време на Карпошовото востание, кога војската на австрискиот генерал Пиколомини дошла до непосредна близина на селото додека Турците биле протерани до месноста Бунец, по поразот што го претрпеле дел од војниците на Пиколомини некаде кај Призрен и по настаните во и околу Скопје, со повлекувањето на војската на ген. Пиколомини се отселиле и сите селани плашејќи се од одмазда на Турците и околу 1710/20 година турскиот султан со посебен ферман дозволил да се вратат сите лица во своите места и тогаш од тогашна Австроунгарија, денес од Војводина се вратиле во селото двајца браќа кои го продолжиле својот живот на меѓите на своите предци.[се бара извор] Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3] СтопанствоНаселение
Селото Митрој Крсти отсекогаш било населено во целост со Македонци од православна христијанска вероисповед, за што потврдуваат и статистичките записи низ историјата, во кои тие се и различно заведувани во зависност од припадноста на запишувачите-статистичари или моменталните власти (бугарски, српски итн.) Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Митрој Крсти живееле 90 жители, сите Македонци, од него запишани како Бугари.[4][5] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Митрој Крсти имало 200 патријаршисти.[6] Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото имало 19 куќи и 118 жители, Бугари.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8] Селото е наполно раселено по 1991 година, кога бил запишан само 1 жител, Македонец.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 8 Македонци и 1 Србин. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМитрој Крсти е македонско село. Според истражувањата од 1947 година, староседелски родови во селото се: Ќибревци го знаат следното родословие: Филип (жив на 30 г. во 1947 година) Блаже-Ќибре-Исаил-Косте-Крсте-Ќибре; Сибиновци; Билбиловци; Лековци; Ѓоргијовци; Јаќимовци. Доселенички родови во Митрој Крсти се: Шукеровци доселени се однекаде. Некои за нив велат дека потекнуваат од предок Ром. Порано во овој род имало луѓе со темна боја на кожата.; Пеповци доселени се од некое село во областа Порече. Го знаат следното родословие: Лазар (жив на 38 г. во 1947 година) Симјан-Даил-Пепо, основачот на родот кој се доселил.; Сенковци доселени се од селото Тајмиште, Кичевско. Го знаат следното родословие: Темелко (жив на 60 г. во 1947 година) Ристе-Спире-Сенко, кој се доселил во селото. Во селото живеело и семејството Луковац кои потекнувале од предок кој се населил во селото како домазет од Колашин, Црна Гора. Овде бил џандар.[14] Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 512 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 503 гласачи.[16] Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоОд селото Митрој Крсти има бројно иселеништво. Иселеници се забележани во Скопје од родовите: Јаќимовци , потоа во Србија од родовите: Сибиновци (едно семејство), Ќибревци (едно семејство во Ваљево), Ѓорѓијовци (две семејства во Белград), Јаќимовци (едно семејство во Ваљево), Пеповци (три семејства во Алексинац и едно семејство во Лесковац), Сенковци (две семејства во Белград) и во Бугарија од родовите: Шукеровци (шест семејства во Видин)[14]. Бројни иселеници живеат и во Гостивар. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia