Пачарешко
Пачарешко или Пачарешќој (грчки: Προάστιο, Проастио; до 1926 г. Πατσαρέσκιοϊ, Пацаресќој[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 43 жители (2011) и сè до 1924 г. било исклучиво македонско.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа околу 3 км јужно од градот Воден, во североисточните падини на планината Каракамен. Оддалечено е околу 500 м од главниот пат и се наоѓа на надморска височина од 140 м.[3] ИсторијаСо Букурешкиот договор во 1913 г. Пачарешко е припоено кон грчката држава. Во 1924 г. се доведели Грци-бегалци Во 1926 година селото е прекръстено на Проастио.[4] Во 1928 г. Пачарешко имало веќе претставувало мешано мештанско-доселеничко со 13 доселенички семејства со вкупно 56 члена.[5] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воден, каде покрај Пачарешко, спаѓаат градот Воден и селата Котугери и Црковјани. СтопанствоГлавно занимање на населението се земјоделството, овоштарството и сточарството.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia