Котугери
Котугери или Кутугери (грчки: Καισαριανά, Кесаријана, до 1926 г. Κουτούγερη, Кутугери или Κατούγερη, Катугери[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 81 жител (2011). Сè до 1924 г. населението било исклучиво македонско.[3] Географија и местоположбаОва е полупланинско село, сместено на 8 км од градот Воден, на надморска височина од 140 м.[3] ИсторијаСредновековиеСе претпоставува дека селото го добило називот кој византиските власти го користеле за богомилските калуѓери кои живееле тука.[3] Османлиско времеНа крајот од XIX век Котугери е забележано како чисто македонско село во Воденската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ 1873 г. Котуери (Cotouyéry) е посочено како село во Воденската каза со 12 куќи со 56 жители Македонци[4].[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живет 60 жители Македонци[4].[6] Целото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. Катугери (Katougueri) имало 48 Македонци[4] под патријаршијата.[7] Потпаѓање под ГрцијаСо Букурашкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 44 жители[3]. Во 1924 г. македонското население се иселило и на негово место се донесени грчки бегалци од Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Кесаријана. Во 1928 г. Котугери било аселено исклучиво со Грци доселеници — 38 семејства со вкупно 134 жители.[8] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воден, каде покрај Котугери и градот Воден, спаѓаат и селата Пачарешко и Црковјани. СтопанствоСелото е стопански пасивно, а главни гранки се полоделството (жито) и овоштарството (праски и јаболка).[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia