Долно Граматиково
Долно Граматиково или само Граматиково (грчки: Κάτω Γραμματικό, Като Граматико; до 1927 г. Γραμματίκοβο, Граматиково) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 183 жители (2011). Географија и местоположбаСелото се наоѓа 15 км јужно од гратчето Острово, на северните падини на планината Каракамен, на надморска височина од 820 м.[2] ИсторијаОва е старо село, кое изворно се нарекувало само Граматиково, но во поново време е преименувано во Долно Граматиково за да се разликува од сточарската населба која го добила името Горно Граматиково.[2] Османлиско времеЦрквата „Свети Ѓорѓи“ сместена на ритче западно од селото датира од 1667 г.[3] Поради учеството во Негушкото востание (1812), селото доста настрадало од турскот аскер и башибозукот. Селото изворно било чисто македонско, но во втората половина на XIX век се населиле Турци-Коњари, кои биле населени Кајларско и Кожанско, па така станало мешана населба.[2] Во 1848 г. рускот славист Виктор Григорович го опишал Граматиново како македонско село.[4][5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Граматиково (Gramaticovo) е село во Воденската каза со 280 куќи и вкупно 1.236 жители, од кои 848 се Македонци[6], а 415 Македонци-муслимани,[7] иако најверојатно се работи за Турците-Коњари, кои очигледно се доселиле некаде меѓу 1848 и 1873 г. Во 1879 г. жителите на Граматиково поднеле поплака до рускиот конзулат во Солун поради насилиствата на соселанецот Ахмед-ага Велиагов, кој соработувал со турски разбојници.[8] Во 1893 г. Атанас Шопов го посетил Кајларско, утврдувајќи го Граматиково македонско[6] село в Кајларската каза.[9] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), кон крајот на XIX век населението на Долно Граматиково, заедно со она на Горно Граматиково се состоело од 480 Македонци[6] и 300 Турци[10]. Но на етнографската карта К’нчов го обележал Долно Граматиково како влашко, но ова е погрешно и се однесува на Горно Граматиково.[11] Според грчка статистика од 1904 г. селото имало 420 жители.[12] За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904-1908) дел од жителите на Долно Граматиково се бореле на грчка страна. Денес во селото стои споменик на 14 загинати борци на грчкиот комитет.[13] Припојување кон ГрцијаСо Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 917 жители.[2] Во 1920 г. се заведени 820 жители.[2] Со Лозанскиот договор во 1924 г. турското население заминало за Турција, а на нивно место се населени вкупно 618 Грци од Мала Азија и Понд. Така селото станало мешана средина, со 878 жители во 1928 г.[2] Во 1940 г. имало 613 жители, од кои 60% Македонци, а 40% грчки доселеници.[2] Втора светска и Граѓанска војнаКако планинско село, Долно Граматиково прилично настрадало во Втората светска и Граѓанската војна, кога во 1947 г. грчките власти го иселиле населението во Воден. Подоцна, само дел од населението се вратило во селото, па затоа во 1951 г. се попишани 247 жители.[2] Во следниот период селото бележи извесен пораст на населението, со 363 жители во 1961 г., проследено од благо опаѓање, за во 2011 г. да изнесува само 183 жители. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Граматиково, во кое спаѓа и селото Горно Граматиково. СтопанствоСелото има мошне сиромашно земјиште, произведувајќи ограничени количства жито и тутун, но во поново време се унапредени и овоштарството и сточарството.[2] Културни и природни знаменитости
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia