Јаворјани
Јаворјани или Јаворени (грчки: Πλατάνη, Платани, до 1926 г. Γιαβόργιαννη, Јаворјани[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 401 жител (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа 7 км јужно од градот Воден, а атарот му зафаќа 11 км2.[3] ИсторијаОва не е многу старо село и се смета дека е основано од жители на Пожарско, Мегленско кои откопувале земјиште и постепено се преселувале[3] Османлиско време![]() На крајот на XIX век Јаворјани е заведено како чисто македонско село во Воденската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Јаворене (Yavoréné) имало 10 куќи со вкупно 64 жители Македонци[4].[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото (Јаворени) имало 66 жители Македонци[3].[6] Селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Јаворани (Yavorani) имало 72 Македонци[4] под патријаршијата.[7] Потпаѓање под ГрцијаСо Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 55 жители[3]. Во 1920 г. се евидентирани 128 жители[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Платани,[8] што е буквален превод на македонското име. Во 1928 г. 322 жители Втора светска и Граѓанска војнаЗа време на Втората светска војна селото било под окупација на Германија и основана е чета на бугарската паравоена организација „Охрана“. Покрај германскиот отпор бугарските четници формираат во селото бугарска општинска власт.[9] Селото значајно настрадало во оваа, како и во Граѓанската војна, но сепак бројноста на населението се одржала.[3] НаселениеДенес населението на останува целосно македонско и непроменето.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Јаворјани, во кој тоа е единствено населено место. СтопанствоЈаворјани е мошне богато село, чие население се занимава со овоштарство (одгледување на праски, јаболки, и цреши) и производство на жито. Делумно е развиено и сточарството.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia