Ошљани
Ошљани (грчки: Αγία Φωτεινή, Агија Фотини, до 1926 година Όσλιανη, Ослјани[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 261 жител (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа околу 13 км југозападно од градот Воден, во североисточните падини на планината Каракамен, на надморска височина од 660 м. ИсторијаОшлјени се смета за многу старо село, бидејќи се води и во најстарите турски сиџили. познато по неговата улога во Негушкото востание од 1822 г.[3] Кон крајот на XIX век Ошљани се води како чисто македонско село во Воденската. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дела во 1873 г. во Ослене (Osléné) имало 30 куќи со вкупно 137 жители Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 50 жители, сите Македонци[4].[6] Цялото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Омляни (Omliani) имало 120 Македонци[4] под патријаршијата.[7] ![]() Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото влегува во состав на грчката, кога имало 119 жители[3]. Истата година Панајотис Деказос, одговорен за земјоделство при Македонското управништво, го споменува Ошљани (Όσλιανη) како село населено со „словеногласни елини“.[8] Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал 15 македонски куќи.[3]. Во 1920 г. во селото се евидентирани 95 жители. Во 1926 г. Ошљани е пременувано во Агија Фотини. Во 1928 г. населението се накачило на 107 жители. За време на Втората светска војна во Ошљани влегле бугарски окупациски сили, основајќи чета на паравоената организација „Охрана“.[9] Селото страдало и во Граѓанската војна.[3] НаселениеИако е планинско, селото доживеало пораст наместо намалување на населението, типично за другите вакви села.[3] Денес населението на Месимер останува целосно македонско и непроменето.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Под, во кој спаѓа и селото Под. СтопанствоИако е планинско и прилично пасивно, селото останува познато по дрводелството и претприемништвото. Во помала мера се одвиваат и сточарството и земјоделството. Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia