Самар (село)
Самар — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 157 жители и до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[2] Географија и местоположбаСелото се напоѓа околу 10 км северно од градот Воден, а околу 2 км источно од патот Воден - С’ботско, на надморска висчина од 300 м.[2] ИсторијаОсманлиско времеВо османлиските даночни книги за Воденскиот волает од 1619-1620 г. Самар се води како село со 30 домаќинства обврзници на џизија (данок за немуслимани).[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Самар (Samar) — село во Воденската каза со 31 куќи и вкупно 173 жители Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Самар имал 244 жители Македонци.[4][6] По Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Самар (Samar) имало 160 Македонци[4] под егзархијата.[8] Во истиот период, Милоевиќ регистрирал 20 куќи, сите македонски.[2] Припојување кон ГрцијаСо Букурешкиот договор во 1913 г. Самар е припоен кон грчката држава, кога имал 87 жители.[2] Дел од населението се отселило, а на негово место грчките власти во 1924 г. населиле неколку грчки доселенички семејства (бегалци од Турција) со вкупно 24 члена.[2] Во 1926 г. селото е преименувано во Самари. Во 1928 година Самар имал 210 жители[2], од кои 7 биле доселенички семејства со вкупно 31 член.[9] Во 1940 се заведени 177 жители, од кои 33 доселеници, а останатите Македонци.[2] Во Граѓанската војнаСамар настрадал во Граѓанската војна, а грчките монархистички власти во зимата 1947 г. го присилно отселиле населението во Црковени.[2] По нормализацијата на состојбите, селаните се вратиле во селото. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Луковец, во кој спаѓаат и селата Луковец, Волкојанево и Почеп. СтопанствоПочвата е мошне неплодна, но сепак населението се занимава со сточарство и земјоделство.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia