Преднојазична согласка
Преднојазични согласки (коронални) се согласки што се создаваат со свитливиот преден дел на јазикот. Само преднојазичните согласки можат да се поделат на врвнојазични (апикални), рамнојазични (ламинални), засводени (јазикот е збран) и подјазични (субапикална), како и неколку поретки ориентации,[1] бидејќи само предниот дел на јазикот има способност за такви спретни движења. Преднонепчените согласки имаат и друга димензија - „зажлебеност“, со која се создаваат шушкави согласки заедно со горенаведените ориентации. Во арапската и малтешката филологија, т.н. „сончеви букви“ означуваат преднојазични согласки. Во македонскиот јазик преднојазични се гласовите з, с, ж, ш, н, д, т, л и р (погл. примерите подолу). Во австралиските јазици, педнојазичните се спротивни на крајните (периферни) согласки.
Места на творбаМестата на творба на преднојазичните согласки се: горните заби кај забните согласки, горното непце (забниот венец) кај венечните согласки, веднаш зад тоа се образуваат разните задновенечени согласки (засводена преднонепчено-венечна, рамнојазична задновенечна согласка и врвнојазична свиена согласка), вистинските свиени согласки (каде јазикот е збран до тврдото непце) и јазичноуснените согласки, каде јазикот ја допира горната усна.
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia