Венечно-преднонепчена согласка (алвеопалатал) е согласка чија творба се случува измеѓу преднојазичните и среднојазичните согласки. На полната табела на МФА, венечно-преднонепчените согласки се сместени помеѓу свиените и преднонепчените согласки, но поради „немање на доволно простор“.[1] Ледифогид и Медисон ги карактеризираат како палатализирани (омекнати) задновенечни гласови (омекнати преднонепчено-венечни гласови) што се создаваат со рамниот дел од јазикот зад забиот венец и главнината од јазикот повишена кон тврдото непце,[2], додека Ислинг ги опишува како издадени преднонепчени гласови (претпреднонепчени), (најнапред од сите среднојазични согласки), што се создаваат со главнината на јазикот кога се доближува до забниот венец.[1] Овие описи се практично истоветни, бидејќи во контактот се вклучени и рамниот и основниот дел (но без врвот) од јазикот. Доволно се напред за струјните и слеаните гласови да бидат шушкави, па затоа воедно се и единствените шушкави од среднојазичните согласки.