Врвнојазична согласка
Врвнојазична согласка (апикална)[1] е глас што се создава со попречување на минувањето на воздухот со врвот на јазикот. Противположна е на рамнојазичната согласка, што се создава со попречување на воздухот со рамниот дел на јазикот (веднаш зад врвот). Оваа разлика во творбата не е баш често застапена во рамките на поединечните јазици, и обично важи само за струјните и слеаните гласови. Така, македонскиот има само рамнојазични парници на [t]/[d], а англиските наречја имаат или врвнојазични или рамнојазични (не обете). Меѓутоа, некои варијанти на арапскиот како хадрамскиот, го реализираат [t] како рамнојазично, но [d] како врвнојазично. Српскохрватскиот и баскискиот ја имаат оваа разлика кај венечните струјни согласки. Мандаринскиот ја корист кај задновенечните струјни гласови (т.н. „венечно-предонепчената“ и „свиената“ низа). Канадскиот јазик лилует ја има како споредно својство (со споредна творба) кај противположноста на веларизираните и невеларизираните струјни согласки. Многу австралиски јазици прават разлика помеѓу врвнојазична и рамнојазична творба кај носните, избувните и, најчесто, страничните приближни согласки. Во Меѓународната фонетска азбука (МФА), врвнојазичните гласови се означуваат со дијакритичкиот знак U+033A ̺ придружнен подреден превртен мост (HTML: Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia