Среднојазични согласки (дорсали) се согласки што се создаваат со средниот дел од јазикот („дорсум“). Се разликуваат од преднојазичната (коронални) по тоа што тие се изговараат со предниот дел од јазикот, и од заднојазичните (радикални), кои се изговараат со основата на јазикот најодзади.
Function
Средината на јазикот има способност за контакт со пошироко подрачје на горниот ѕид на устата - од тврдото, предно непце (создавајќи преднонепчени гласови), свитливиот заден дел (создавајќи заднонепчени гласови), па до ресичката[1] во задниот дел на усната шуплина (создавајќи ресични гласови). Овие определници не се така рески, па затоа понекогаш наоѓаме попрецизни градации како „претпреднонепчена“, „предзаднонепчена“ и „позаднонепчена“ творба.
Бидејќи врвот на јазикот може да се превитка нагоре и наназад до тврдото (предно) непце (создавајќи свиени согласки), согласките добиени со допир на средниот дел на јазикот со предното непце се нарекуваат „среднојазично-преднонепчени“ (дорсо-палатални).
Во македонскиот јазик
Среднојазични согласки во македонскиот јазик се: г, ѓ, ј, к, љ, њ, ќ и х.
Поврзано
Наводи
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
|
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
|
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
|
* Симболот го нема во МФА.
|