Надгласилна согласка (епиглотална) е согласка што се создава со допир на диплите во грлото[1] со капачето наречено „мажлец“ (надгласилка).
Табела на надгласилни согласки
Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве надгласилни согласки:
- Звучната надгласилна избувна согласка може да е неизводлива. При меѓусамогласното озвучување на надгласилниот глас (на пр. во јазикот дахало), таа станува едноударна согласка.
- Иако традиционално е сместена во струјниот ред од табелата на МФА, гласот ⟨ʢ⟩ обично е приближна согласка. Самиот симбол е двосмислен, но ниеден јазик нема посебни струјни и приближни гласови на ова место на творба. Ако треба да се означи начинот на творба, понекогаш се користи дијакритички знак за снижување: ⟨ʢ̞⟩.
- Надгласилните трепетни согласки се мошне чести но обично може да се сметаат за фонемски избувен глас или струјна согласка, каде трепетот е фонетски детаљ. МФА нема симбол за ова, но во литературата понекогаш се среќава ⟨я⟩.
Поврзано
Наводи
- ↑ наречени „ариепиглотски дипли“
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
|
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
|
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
|
* Симболот го нема во МФА.
|