Голтничка согласка (фарингална) е вид на согласка што се создава при контакт на основата на јазикот со голтникот (фаринкс).[1]
Табелаа на голтнички согласки
Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве голтнички согласки:
- Иако традиционално се сместени во струјниот ред на табелата на МФА, гласот [ʕ] обично е приближна согласка. Самиот симбол е двосмислен, но не постои јазик со посебни струјни и приближни творби на ова место. Понекогаш начинот на творба се означува со дијакритички знак за снижување: [ʕ̞].
Особености
Голтничките согласки претежно се среќаваат во три географски подрачја: Северна Африка/Близок Исток (во семитските, берберските и кушитските јазици); на Кавказ (во северозападните и североисточните кавкаски јазици); и во Британска Колумбија (во салишките и вакашките јазици). Забележани се поретко и на други места, како што е јазик таманскиот јазик од нилосахарското семејство. Во финскиот се јавува слаба голтничка струјна согласка како реализација на /h/ по самогласките /ɑ/ и /æ/ на слоговниот завршеток, како на пр. [tæħti] („ѕвезда“), но бидејќи ова е чисто алофонска појава, гласот сепак се пишува со /h/. Според теоријата за гласилките, праиндоевропскиот јазик може да содржел голтнички согласки.
Неодамна е објавено дека е пронајдена и надгласилно-голтничка творба.
Поврзано
Наводи
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
|
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
|
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
|
* Симболот го нема во МФА.
|