Припор (Кочанско)
Припор или Припур — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани. Географија и местоположбаПрипор се наоѓа во областа Осоговија, во вододелницата меѓу Кочанска на запад и Оризарска Река на исток, недалеку од Кочани во северен правец. Селото е ридско-планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 660-780 м. Селскиот атар зафаќа површина од 4,3 км2.[2] Месностите во селскиот атар се познати како: Караула, Шипци, Шијанка, Лазов Чукар, Витошки Рид, Блажов Рид и Мегдан. Селото е поделено на маала: Старо Маало, Дедо Никодиновци, Ваљавичарци и Прекориѓани. Жителите на секое маало припаѓале на еден род. Вода за пиење селото добивало од неколку послаби извори. Најобилно со вода е маалото Ваљавичарци, а најоскудно маалото Прекориѓани.[3] ИсторијаСпоред преданието, Припор е млада населба којашто потекнува од околу 1820 година кога била основана од доселеник од селото Костин Дол. Земјата ја купил од некој кочански Турчин. Во време на основање на селото, атарот бил покриен со шума, но шумата подоцна била исечена главно за потребите на кочанското турско население.[3] СтопанствоСелото е многу сиромашно затоа што земјиштето во него е зафатено со ерозивни процеси. Мештаните говореле:
Во рамките на селскиот атар, пасиштата преовладуваат на површина од 277 ха, на шумите отпаѓаат 87 ха, а на обработливото земјиште 30 ха.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Припор живееле 60 жители, сите Македонци.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[5] Според пописот од 2002 година, во селото Припор живее 1 жителка Македонка.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиПрипор е македонско село. Родови во селото биле: Данчевци (4 к.) и Николовци (2 к.) кои потекнуваат од ист предок кој бил основач на селото, а се доселил од селото Костин Дол. Го знаат следното родословие: Мите (жив на 50 г. на крајот на 1950-тите); Лазар-Стаменко-Данче (се доселил неговиот татко). Основачот на селото имал 3 сина: Данче, Никола и Митре. Од Данче се Данчевци, од Никола се Николовци, а од третиот син бил родот Митревци; Миладиновци (3 к.) и Ваљавичарци (2 к.), кои исто така се доселени од селото Костин Дол. Во родот Ваљавичарци се знае следното родословие: Стефан (жив на 50 г. на крајот на 1950-тите години); Стојмен-Василко-Анѓелко (се доселил).[3] ИселеништвоОд селото има иселеништво Кочани. Од родот Миладиновци се преселиле две домаќинства; од Митровци се иселило едно домаќинство, но потоа се поделиле на повеќе; и од родот Ваљавичарци исто така заминало едно домаќинство, но тие ја зачувале зејата во Припор.[3] Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кочани од 1955 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки. Во XIX век, Припор било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Култура и традицијаСелото нема селска слава. Гробиштата се наоѓаат во близина на Старо Маало.[3] Културни и природни знаменитости
Личности
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia