Вранинци
Вранинци — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани. Потекло на иметоСелото името го добило по доселениците од Врање за кои се говори дека го основале.[2] Географија и местоположбаВранинци се наоѓа во областа Осоговија, северно од градот Кочани. Селото е планинско и е од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 600-720 м. Селскиот атар зафаќа површина од 6,9 км2. Од Кочани е оддалечено 9 км.[3] Границата на селскиот атар поминува низ месностите: Мегдан, Вачева Нива, Вранинска Вода и Штрби Врв. Месностите внатре во селскиот атар се познати како: Грамаѓе, Дага Нива, Прждево, Равна Нива, Пејќевица, Старо Село, Бучино Брдо, Витаница, Гробиште, Средни Рид, Гаштиште Падарница (претставува пасиште), Селиште и Црквичка. селото е од разбиен тип и е подделено на пет маала: Село, Огражденик, Грамаѓе, Прждево и Старо Село.[2] ИсторијаСпоред мештаните, селото го основале доселеници од Врање. За најстари родови се сметаат Динчинци и Џалевци. Мештаните од овие два рода биле под притисок од Турците, кои сакале да им ја одземат земјата и претворат во чифлиг. Поради тоа и биле приведени. Членовите на родот Динчинци во затвор попуштиле и ја предале земјата. Меѓутоа, Џалевци не се согласиле и така останале рајати до крајот на турската власт. Динчинци и сите родови кои се доселиле подоцна биле чифчии. Турците кои ја поседувале земјата се викале: Азем-ефенди, Бајрам-ага и други. Познато е дека живееле во Кочани. По ослободувањето од отоманската власт, земјата била купена.[2] СтопанствоСелото нема некоја развиена земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 314 ха, на шуми отпаѓаат 188,9 ха, а на обработливо земјиште 71,3 ха.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вранинци живееле 175 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Вранинци имало 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6] Според пописот од 2002 година, во селото живеат 13 жители, сите Македонци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Родови![]() Вранинци е македонско село. Според истражувањата од 1959 година, родовите во селото по маала се следниве:
ИселеништвоИселеници од селото има во Кочани, и тоа од родовите Коларци и Динчинци; во подпланинското село Оризари од родовите Џалевци и Динчинци; како и во селата Лешки од родот Божинови и во Теранци од родот Вранинци.[2] Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година. Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари. Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани. Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки. Во XIX век, Вранинци било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Избирачко местоСелото е опфатено со избирачкото место бр. 894 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на шумскаа куќичка на ПОС „Осогово“ на селото Речани.[12] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[13] Култура и традицијаСо оглед на тоа што селото е мало, тоа нема општа слава. Сепак, при чествувањето на одделни празници, како Илинден и Богородица, селаните се собираат кај крстот и колат курбан. Горбиштата се наоѓаат во маалото Село.[2] Културни и природни знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia