Мојанци (Кочанско)За други истоимени места, погледајте Мојанци.
Мојанци — село во Општина Кочани, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во Кочанското Поле, во јужниот дел на Општина Кочани, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 310 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено околу 6 километри.[2] До селото води асфалтен пат, кој се двои од експресниот пат Штип-Кочани (А3). Мојанци се наоѓа на работ од тесната алувијална рамнина на Брегалница на југ (наречена Лаки) и пространата рамнина на север (наречена Ждрепаница). Алувијалната рамнина се користи за одгледување на ориз, додека на другата се сади пченка, пченица и има градини. Со тоа, селото има доста поволна стопанска местоположба. Водата за пиење се добивала од бунари, кои ги имало во поголем број.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ливадни Орман, Жата Бара, Водничко, Горно и Долно Роѓово, Лака и Ждрепаница.[3] Селото е изградено по регулациски план и има пет улици во насока запад-исток и една попречна. До 1945 година, во селото имало само една улица запад-исток.[3] ИсторијаКога точно е основано денешното село не се знае. Во XIX век, земјата припаѓала на одредени Турци населени во Зрновци и во Кочани. Тие во Мојанци имале чифлици и во нив населувале Македонци и православни Роми.[3] Пред крајот на отоманската власт чифликсајбиите се викале Љутвија, Амет-паша, Ибраим-бег, Риза-бег, Зуна-бег, Али-бег, Ќамил-бег и Реџеп-ефенди. Последниот живеел во Кочани, додека останатите во Зрновци. При ослободувањето од отоманската власт, во селото имало само 9 постојано населени домаќинства.[3] По 1912 година, чифликсајбиите дел од земјата ја продале на селаните, додека најголем дел од земјата новата државна власт (Кралство Југославија) ја поделило на затекнатите мештани во Мојанци и на колонистите населени во Кочани (поголем дел од Црна Гора и нешто помалку од Србија). Такви колонисти во Кочани имало околу 25 домаќинства.[3] Земјата на колонистите по завршувањето на Втората светска војна била во посед на државното добро „Искра“ со седиште во Кочани и земјоделската задруга „Моша Пијаде“ со седиште во Горни Подлог.[3] Селото во 1945 година имало 16 куќи, но до 1951 година добило околу 70 доселенички домаќинства.[3] СтопанствоАтарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од само 3,4 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 300 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделска функција. Во него има продавници и услужни објекти.[2] Поголемиот дел од семејствата се занимаваат со земјоделство како споредна дејност додека се вработени во Кочани, Виница или Штип. Оние кои се занимаваат со земјоделство, одгледуваат ориз и раноградинарски производи (пипер, домат и друго). Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мојанци живееле 125 жители, од кои 75 Македонци и 50 Роми.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мојанци имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија, како и 48 Роми.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[6] Мојанци е средно село по големина, со незначителен пораст на населението. Така, селото во 1961 година броело 507 жители, а во 1994 година 578 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, селото имало 556 жители, од кои 554 Македонци и 2 останати.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 385 жители, од кои 361 Македонец и 24 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМојанци е македонско-ромско село. Сите родови во селото се доселеници.[3] Според истражувањата од 1960 година, родови во селото:
Сите жители населени во текот на Втората светска војна и по нејзе, како членови на задругата „Моша Пијаде“ од Горни Подлог немале своја земја, туку само куќи. Четири домаќинства подоцна купиле своја земја. ИселеништвоМакедонски иселеници од Мојанци има во селата: Чешиново (Цекови, 3 к.), Горни Подлог (Андонови, 3 к., Таневи, 3 к., Митреви, 2 к., Комарци, 1 к. и Тасеви, 1 к.), Облешево, Долни Подлог (Јованови, 2 к.).[3] Во минатото, во селото имало поголем број на православни Роми, кои се доселиле од Кочани и работеле кај беговите. Нивниот број се намалувал со изумирање и отселување.[3] Во периодот после 1990 година, селото се соочува со егзодус кој главно се должи на лошите социо-економски услови во Македонија. Најголемиот број на млади заминуваат на работа и остануваат да живеат во Италија. Во помал дел заминуваат и во други западноевропски и прекуокеански земји. Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Мојанци било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Кочани, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кочани. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кочани. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Облешево, во која покрај селото Мојанци се наоѓале селата Бања, Горни Подлог, Долни Подлог, Облешево, Спанчево, Тркање и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Долни Подлог, во која влегувале селата Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци и Тркање. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0866 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на ресторанот на задругата.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 443 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 452 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Култура и спортВо селото најпопуларен е фудбалот и има турнири за големите празници во кои учествуваат голем број локални фудбалски клубови. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia