Долно ГратчеОваа статија се однесува на село во Кочанско. За селото во Костурско, погл. Долно Граче.
Долно Гратче или Долно Градче — поранешно село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани. Денес, на местото на селото се наоѓа езерото Гратче. Географија и местоположбаДолно Гратче во времето на неговото постоење се наоѓало на дното на денешното вештачко езеро Гратче. Селото имало поволна местоположба затоа што се наоѓало на местото каде што реките Голема и Мала се спојуваат, и ја образуваат Кочанска Река. Во околината на селото се наоѓаат над 30 природни извори на вода. Селото било сместено на надморска височина од 440 м. Неговиот атар зафаќа површина од 5,3 км2.[2] ИсторијаВо Првата балканска војна, 2 лица од Гратче (Горно и Долно) биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[3] Во 1958 година, властите решиле да изградат брана со цел да го заштитат Кочани од постојаните поплави од надојдените води од Осоговските Планини. Најпогодно место за изградба на вештачкото езеро била месноста Рамна Карпа. Поради тоа, мештаните биле раселени, а дел се преселиле во соседните села Горно Гратче и Јастребник, дел во Кочани, а некои и надвор од Македонија. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гратче (Долно и Горно живееле 175 жители, сите Македонци.[4] Според скопскиот митрополит Фирмилијан, во 1902 година во Лешки имало 16 куќи во подаништво на Цариградската патријаршија.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Горно и Долно Гратче имало 216 жители Македонци.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7] Според пописот од 2002 година, во селото Долно Гратче нема жители.[8] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кочани од 1955 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки. Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина. Во XIX век, Долно Гратче било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Културни и природни знаменитости![]()
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia