Горно Гратче
Горно Гратче или Горно Градче — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани. Потекло на иметоИмето на селото потекнува од местоположбата на селото во однос на соседното село Долно Гратче, кое во минатото било нарекувано само „Гратче“.[2] Географија и местоположбаГорно Гратче се наоѓа на ридест простор, северно од градот Кочани и над Кочанското Езеро. Селото е планинско и се простира на надморска височина од 900 м.[3] Нерамното земјиште околу селото е зафатено со ерозивни процеси и затоа е доста каменесто.[2] Селскиот атар зафаќа површина од 5,4 км2. Од Кочани е оддалечено 9 км.[3] Месностите во селскиот атар се познати како: Милчовица, Тутулковица, Ковачка Рудина, Мирновец, Грамади, Црква, Грчки Дол, Грамадски Дол и Чукарки. Месноста Грчки Дол се наоѓа покрај возвишениот Градиште коешто му припаѓа на Долно Гратче. Селото е од разбиен тип, а некои од маалата се: Борово Врдо, Ржавец, Чукар Грамади, Вировчани, Анжијци, Буковци, Мирновци, Митковци, Плочари и Пупуновци. Од нив, Митковци е најиздвоено маало. Селото се снабдувало со вода за пиење од кладенци во доловите, а најпознатиот извор се нарекува Баба Великина Чешма.[2] ИсторијаДенешеното село не е многу стара населба и е основано во првата половина на XIX век. Него го основале три домаќинства од соседното и пониско село Долно Гратче. На местото на селото претходно имало сточарски колиби. Основачите на селото биле предци на денешните родови: Вировчани, Буковчани и Мирновчани. Со нивна поделба настанале и другите селски родови. Во Првата балканска војна, 2 лица од Гратче (Горно и Долно) биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[4] СтопанствоСелото е едно од најсиромашните во областа.[2] Тоа нема некоја развиена земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, пасиштата зафаќаат површина од 198,8 ха, на шумите отпаѓаат 180,9 ха, а на обработливото земјиште 77,6 ха.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гратче (Долно и Горно живееле 175 жители, сите Македонци.[5] Според скопскиот митрополит Фирмилијан, во 1902 година во Гратче имало 26 куќи во подаништво на Цариградската патријаршија.[6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Горно и Долно Гратче имало 216 жители Македонци.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8] Според пописот од 2002 година, во селото Горно Гратче живеат 13 жители, сите Македонци.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГорно Гратче е македонско село. Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
ИселеништвоОд селото има исленеиштво во Кочани.[2] Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кочани од 1955 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Долно Гратче. Во XIX век, Горно Гратче било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 849 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште „Раде Кратовче“ на градот Кочани.[14] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 563 гласачи.[15] Култура и религијаСелото нема селска слава, а починатите се погребувани на гробиштата на Долно Гратче.[2] Културни знаменитостиГалерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia