Речани (Кочанско)
Речани — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани. Географија и местоположбаРечани се наоѓа на падините на Осоговските Планини, каде што Бела и Црна Река се спојуваат, и ја образуваат Оризарска Река. Селото е планинско и е расположено на надморска височина од 800 м. Селскиот атар зафаќа површина од 8,7 км2. Од Кочани е оддалечено 11 км.[2] СтопанствоСелото во основа има полјоделско-сточарска функција. Во рамките на неговиот атар, пасиштата зафаќаат површина од 335 ха, шумите се на површина од 265 ха, а на обработливо земјиште отпаѓаат 94 ха.[2] Во атарот на селото, поточно на местото на спојување на Бела и Црна во Оризарска Река, е планирана изградба на хидросистемот „Оризарска Река“ којшто би вклучувал изградба на вештачкото езеро Речани.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Речани живееле 130 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Речани имало 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6] Според пописот од 2002 година, во селото Речани живеат 13 жители, сите Македонци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година. Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари. Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани. Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки. Во XIX век, Речани било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 894 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на шумска куќичка на ПОС „Осогово“. Во ова избирачко место е опфатено и селото Вранинци.[12] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[13] Култура и традицијаВо минатото, селото било познато по тоа што во него имало валавници, а и околната месност била наречена по нив.[14] Културни и природни знаменитости
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia