Бидејќи Норвешка, како победник на Светското првенство 2011 обезбедила директен пласман на игрите, автоматски пласман обезбедила и репрезентацијата на Шведска, која била второпласирана на Европското првенство 2010 (по Норвешка).
Ждреб
Ждребот за олимпискиот турнир во ракомет е одржан на 30 мај2012 година во Лондон.[2] Вкупно 12 репрезентации во двете конкуренции се поделени во две групи од по 6 екипи. По групната фаза, најдобрите четирипласирани репрезентации го продолжуваат натпреварувањето во елиминационата фаза од турнирот.