Сеслово
Сеслово (грчки: Σεβαστό, Севасто, до 1927 Σέσλοβο, Сеслово)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 7 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 225 метри. ИсторијаВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сеслово се состоело од 25 семејства со 108 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сеслово имало 50 Роми 200 жители Македонци[3][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 176 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6]. Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 93 жители, додека во 1920 година 107 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[7]. Во 1926 година, селото било преименувано во Севасто.[8] ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 257 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 470 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 248 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 218 жители, во 1971 година имало 181 жител, во 1981 година имало 197 жители, додека во 1991 година имало 143 жител[10]. Денеска, населението на селото е 150 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia